11 работи што ниту една жена не сака да ги добие како подарок: Тотална утка и навреда!

Голема грешка

Немојте да ја разочарате вашата драга партнерка, мајка, сестра или пријателка за празникот посветен на жените…

Сите ние понекогаш глумиме дека сме воодушевени кога ќе го одвиткаме подарокот. За да не и’ се случи тоа и на личноста на која и’ е наменет подарокот, еве кои работи треба да ги одбегнувате…

1. Плишени животни

Ако подарокот и’ го купувате на возрасна личност, плишените играчки е едно големо НЕ.

2. Кујнски прибор со порака

Некои девојки обожаваат да приготвуваат колачи или да пробуваат разни рецепти. Сепак, престилката со натпис или лажица наместо „те сакам“ вели „те сакам кога си во кујна“. Подобра идеја е сами да и’ приготвите вечера.

3. Пластично цвеќе

Подарок што не вреди ни да се коментира.

4. Пари

Ова едноставно не е подарок што треба да се дава кога сакате да искажете љубов и внимание.

5. Справи за вежбање

Жените најдобро го познаваат своето тело, па затоа треба да одбегнете подарок кој би можеле да го протолкуваат како „време е за слабеење“.

6. Нешто корисно

Бришач за мраз од шофершајбна, папучи или перница – никој не посакува такво нешто, па ни вашата девојка.

7. Фустани

Жените обожаваат фустани, но попрво би го одбрале сами. Розовиот фустан со црвени точки и деколте до папок не е толку елегантен колку што вие мислите.

8. Парфем

Изборот на парфем е нешто многу лично. Доколку не сте целосно сигурни кој парфем би го сакала таа, не одбирајте ваков подарок.

9. Крем против брчки

Што ли ќе и’ порачате на вашата сакана со ваков подарок?

10. Депилатор

И ова спаѓа во групата подароци со многу лоша порака.

11. Духовни и останати книги

Истото важи како и за парфемот – ако не сте сигурни дека 100% ќе и’ погодите, откажете се од подароков.

Иако за некои е по малку клише, цвеќето и понатаму е подарок број 1. Сепак, внимавајте на следниве работи при изборот…

  • Не купувајте еден цвет во проѕирен целофан
  • Не купувајте цвеќе со цветови еден под друг
  • Не купувајте минијатурна орхидеа во кутиче
  • Не купувајте црвен каранфил – иако е симбол на Осми март, ниту една жена не го сака навистина!

Букетот свежо цвеќе никогаш не е грешка, како ни саксијата со убаво повеќегодишно цвеќе. Покрај тоа, додајте и чоколадо што вашата дама го обожава и ќе имате совршен подарок.

Прочитајте и кое цвеќе никако не треба да и’ се подарува на жена!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.