Цвеќе што не треба да и’ се подарува на жена: Носи несреќа и тага!

Симболика

Се ближи Денот на жената и поради тоа треба да знаете кое цвеќе треба да го подарите, а кое да го одбегнете

Иако многумина не знаат, секој цвет што ќе му го подарите некому има одредено значење и порака. Затоа, кога и’ подарувате цвеќе на саканата личност, задолжително обрнете внимание на неговата симболика за да не се навреди таа личност и да стекне погрешно мислење.

За почеток, значењето на цвеќето може да се толкува според бојата, така што би требало да знаете дека сината боја значи верност и сонување, портокаловата – гордост и енергија, виолетовата боја претставува нежност додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и убавина, зелената – разбирање, а жолтата – љубомора.

Нарцис – Овој цвет означува самољубие, но е и симбол на нов почеток, со оглед на тоа што се раѓа меѓу првите. Но внимавајте кому му го подарувате овој цвет, бидејќи тој може да означува и презир.

Ирис – Симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолтиот ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.

Зумбул – Знак на верност и непоколебливост, ако е син, симболизира постојаност, односно непрекинатост.

Божур – Симболизира чест и богатство, како и среќен брак и напредок.

Јасмин – Жолтиот јасмин означува елеганција, а останатите лојалност.

Магнолија – Значи достоинство и отменост. Ако е во бела боја, тогаш означува невиност, ако е розова значи срамежливост и најчесто им се подарува на девојки. Но внимавајте, доколку подарите магнолија која прерано процутела, тоа е сигурен знак дека сте вознемирени и нетрпеливи поради нешто. Според старото верување, магнолиите ја означуваат неверноста на мажот што ги подарува.

Циклама – Претставува искреност и за неа се врзува моќта на смирувањето со личноста на која и’ се подарува. Може да значи колебање и срамежливост.

Рози – Цвет што најчесто се подарува, а во зависност од бојата има широко значење. Доколку се црвени симболизираат страст и љубов, но може да означуваат и благодарност и задоволство. Белите значат чесност, искреност и безгрешност. Жолтите рози можат да бидат симбол на веселба, но и на неверство и љубомора. Розите без трње може да означуваат љубов на прв поглед. Кога жената ќе му подари на мажот црвена роза, розата е симбол на лојалност. Портокаловите рози се симбол на копнеж и восхит, а виолетовите на љубов на прв поглед. Темно виолетовите рози се знак за посебност и издвојување, додека сините, поради вештачкиот начин на добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.

Лилјан – Означува бескрајна убавина, среќа, бесмртност, чистота и спас. Многу е чест на венчавките, бидејќи според верувањето симболизира одбирање на саканата личност. Белиот лилјан значи невиност и чистота, жолтиот невистина и измама, а виолетовиот значи среќа.

Бамбус – Симбол на лојалност и постојаност на брачната заедница.

Орхидеја – Значи желба за успех и посебност. Исто така, симболизира љубов, убавина, романса и желба за интимност. Често им се подарува на болните и родилките за да им се посака побрзо закрепнување. Претставува и желба за успех во кариерата.

Лале – Симбол на гордост и слава. Црвените лалиња се врзуваат за љубов, а жолтите за безнадежна љубов, Розовите значат грижливост, виолетовите достоинство, а белите опростување.

Мимоза –  симбол на сигурност и доверба, а означува и раскош и моќ. Таа е исто така и симбол на љубезност.

Сончоглед – Овој цвет е симбол на сила, гордост, восхит и воодушевување. Исто така може да значи и алчност. Доколку и’ го подарувате на саканата личност, означува подготвеност целосно да и’ се посветите.

Љубичици – Симбол на лојалност и верност. Белите и виолетовите значат скромност.

Хортензија – Претставува срдечност, а се подарува кога сакате да се смирите со некого со кого сте се скарале. Исто така, хортензиите често се носат на гробишта и кога се изразува сочувство.

Кокиче – Значи надеж, напредок и утеха. Кога сакате некому да му порачате да не губи надеж, подарете му кокиче.

Гладиола – Најчесто значи силен карактер и импулсивност, никако не би требало да им ги подарувате на саканите личности.

Цвеќе што никако не треба да го подарите на жена:

Цвеќиња што немаат пријатно значење се бегонија, која означува црни мисли; лаванда која претставува недоверба; далија која значи непостојаност. Хризантеми се цвеќиња што се носат на гробишта, но може да означуваат и љубов и вистина. За тажни моменти се подаруваат кринови.

Прочитајте и кое цвеќе треба да го изберете за венчавка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.