Кога ќе ја отфрлите оваа навика, ќе го намалите ризикот од инфаркт за 50%

Совет што мора добро да го запомните

Секој би требало сериозно да го сфати овој совет

Инфарктот е се’ почесто во последниве неколку години. Токму тој е причината за смрт кај голем број луѓе, а нему може да му се стави крај со здрави навики.

Американското здружение за здравје на срцето, на чело со доктор Бери Френклин, спровело истражување што покажало дека со воведување умерени физички активности може да се намали ризикот од инфаркт и појава на срцеви болести за дури 50%.

Меѓутоа, и тука треба да бидете внимателни, бидејќи со претерано напрегање нема да направите ништо добро за вашето тело. Кога ќе го чујат овој совет, луѓето обично тргнуваат со силно темпо, мислејќи дека што повеќе напор вложат, тоа подобри ќе бидат резултатите, а тоа е далеку од вистината.

Истражувањето потврдило дека лицата што веднаш почнуваат со тешки вежби и напорен режим, како што е маратонот, имаат 40% поголеми шанси да доживеат срцев удар.

Објаснувањето е јасно, вака срцето создава силен притисок бидејќи не е навикнато на толку напорен тренинг, но ако се подготвувате за маратон и почнете полека, како што е редот за почетник, долгорочно ќе го подобрите здравјето на срцето.

Експертите, по детално тестирање, заклучиле дека поединците што се вклучиле во аеробни активности, како што е одењето, возењето велосипед или пливањето, ги намалиле шансите за развој на срцев удар за дури 50%.

Вежбањето е моќен лек и јасно е дека умерената активност ќе го подобри кардиоваскуларното здравје.

Одењето или лесното џогирање се најдобри за срцето, особено ако се во природа. Секојдневниот престој на чист воздух ќе го сочува здравјето на секој човек.

Мислете на здравјето додека не биде предоцна и сериозно сфатете го советот на овој доктор и неговиот тим.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.