Се распрашавме: Кое цвеќе да изберете за венчавката?

Кажете им „да” на новите цветни трендови

Покрај вообичаеното цвеќе (ружи, кали, орхидеи), за венчавка можат да се изберат и подзаборавените, но сепак актуелни видови: каранфил, гладиола, хортензија, лаванда, босилек…

Актуелни се комбинациите на нежни нијанси (бела, розова и зелена), како и оние со темни тонови на бордоцрвената или виолетовата – со што се постигнува мошне елегантен ефект.

Кога порачува бидермаер, идната невеста или кума би требало со себе да има фотографија од букетот што е барем сличен на нејзината идеја. Така многу полесно ќе му објасни на аранжерот-декоратор што сака и кои видови цвеќиња и бои да ги употреби. Ако сте нерешителни, дозволете експертите да ве посоветуваат и да ви помогнат во изборот. Една добра идеја е бојата на бидермаерот да ја усогласите со бојата на сандалите.

Дали знаевте?

Не секој цветен аранжман во рацете на невестата претставува бидермаер. Само правилна полутркалезна форма е, а сите други се само букети.

Фото: Guliver/Getty Images

Текст: U&Z

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.