Хороскоп за ВТОРНИК 3 март 2020 година

Лав среќен во љубовта, Овен очекува деловна понуда, Јарец мора да обрне внимание на себе, Рибите неодлучни.

ОВЕН 

Може да имате прилика да дојдете до остварување на деловен контакт со личност која подоцна ќе има нови понуди за вас. Очекувајте предизвикувачки период за љубовта. Избегнувајте цигари. Водете сметка за своето здравје.

 

БИК 

Можете да очекувате позитивни промени во професијата. Денешниот ден е поволен за важни одлуки. Потребно е да покажете интерес и со партнерот да бидете целосно искрени. Проверете ја својата диоптрија.

 

БЛИЗНАЦИ 

Ве очекува поволен период во кој ќе успеете да остварите значајна деловна соработка. Можеби сега сте ранливи и сѐ уште се обидувате да заборавите на личноста која во минатото многу сте ја сакале. Потребно ви е повеќе сон.

 

РАК 

Можете да очекувате ден во кој на деловно поле ќе успеете да најдете нови прилики за заработка. Можете да се надевате на почеток на врска која ќе трае. Спремни сте да се посветите на личноста која ја сакате. Добро се чувствувате.

 

ЛАВ 

Немате добра комуникација со надредените и поради тоа вашата работа е климава. Доколку сте нашле личност која ви одговара, посветете ѝ се. Таа би можела да ви биде идеална прилика за врска. Внимавајте на забите.

Прочитајте и: Месечен хороскоп за МАРТ 2020 година

ДЕВИЦА 

Не би требало да имате премногу обврски денес. Очекувајте ден кој ви носи некое олеснување на професионално поле. Имате впечаток дека со љубената личност не можете лесно да најдете заеднички јазик. Немате големи проблеми. 

 

ВАГА 

Ако на професионално поле денес сте направиле било каква грешка, ќе ви биде потребно време тоа да го согледате од правилната страна. Знаете како да се поставите во однос со саканата личност. Имате особена тенденција за прејадување. 

 

ШКОРПИЈА

 Во текот на денешниот ден ве очекува добра прилика да се посветите на својата работа и своите обврски. Личноста која ви се додворува ќе покаже дека има искрени намери према вас и дека може да ѝ верувате. Проблеми со бубрезите.

 

СТРЕЛЕЦ

Можно е да се случуваат големи промени во вашите деловни окружувања. Ако имате партнер, ќе успеете да остварите многу добар и стабилен однос со нив денес. Конзумирајте повеќе витамини.

 

ЈАРЕЦ 

Очекувајте ден во кој ќе имате прилика да се фокусирате на деловното усовршување и едукација. Ви се приближува време на емоционални промени. Не ви е лесно да го прифатите крајот на врската. Болки во долниот дел на грбот.

Даваат ветувања што никогаш не ги исполнуваат: Не им верувајте на овие хороскопски знаци!

 

ВОДОЛИЈА 

Промените кои сакате да ги остварите на работа нема да можат да се случат денес. За сѐ ќе ви треба повеќе време. Можно е да имате драстични промени во наредниот период. Желудникот денес ви е осетлив.

 

РИБИ 

Очекувајте кратко патување на кое ќе успеете да остварите солидни деловни резултати. Можно е да не сте спремни со саканата личност да го превземете следниот чекор. Здравјето ви е во добра состојба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.