Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2019: Најсреќни овој месец ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, и РАКОВИТЕ

.

 

ДЕВИЦА (23. 08 – 22. 09)

Љубов

Вие сте личност која повеќе сака да танцува во својата сигурна зона и да има однапред подготвена стратегија за секоја ситуација. Но, јуни е тука за да ви ја разбуди спонтаноста, да го разбуди авантуристот во вас и да ве одведе на прекрасно патување низ непознатото. Одете каде што дува ветрот.Романтичната Венера во првите девет дена од месецот ќе патува во вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата, отворајќи го вашиот ум и бришејќи ги вашите предрасуди. Голема е веројатноста да се заљубите во личност од друга држава или додека сте на патување зад граница. Сепак, можеби нема да сакате веднаш да се обврзете, бидејќи Венера ќе ви ја засили и желбата за слобода. Статусот сингл ќе ви годи во првите девет јунски дена.За паровите, на почетокот од месецот препорачливо е да патуваат и да бегаат од секојдневието макар и на викенд. Заедничките искуства и моментите насамо ќе им ја зголемуваат страста во врската.Сексапилниот Марс цел месец ќе престојува во вашата 11-та куќа на пријателството, зголемувајќи ја веројатноста да добиете љубовна исповед од ваш пријател. Не ја оттурнувајте пребрзо таа личност од себе само затоа што ви рекла „Те сакам“. Размислете!Што велите вие и вашиот сакан да ја преземете иницијативата и да организирате друштвен собир со вашите пријатели? Овој месец ќе ви годи да се дружите и да се забавувате, а уште поубаво ќе биде ако го имате партнерот покрај себе.На 9 јуни хармоничната Венера ќе се пресели во вашиот сектор ориентиран кон далечната иднина. Време е за зрели и сериозни разговори на теми како брак, деца, заеднички дом и сл. Ќе се фатите со партнерот како споделувате идеи за изгледот на вашето идно живеалиште или за бројот на деца што ќе ги имате. И тоа ќе ве усреќува.Девиците со статус сингл ќе бидат привлекувани од моќни, влијателни и амбициозни личности. Не е исклучена можноста да се заљубите во некој кој е на висока позиција во кариерата.На 17 јуни ќе настапи полна месечина во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Некои девици ќе се израдуваат на вест за проширување на фамилијата, други ќе купат нов дом, трети – ќе го реновираат оној кој веќе го имаат… Прашањата поврзани со вашиот семеен живот едно по едно ќе се решаваат. Ако сте во брак, посветете му квалитетно време на партнерот – без телефони и други уреди кои можат да ви го одвлечат вниманието.Нептун, планетата на скриените намери и мистериозноста, на 21 јуни ќе премине во ретроградно движење во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Тоа значи дека маглата ќе се крене од пред вашиот видик, а вие јасно ќе ги гледате нештата на љубовен план. Можно е да откриете какви намери имал партнерот со неговото „чудно“ однесување или конечно ќе се справите со ситуација која ве збунувала.Ваш поранешен партнер може да се врати во вашиот живот. Не ги игнорирајте неговите пораки и повици, туку соочете со него и донесете ја крајната одлука – дали ќе му дадете уште една шанса или ќе му го кажете последното „Збогум“.

Работа и пари

Додека сите други полека, полека се релаксираат и заминуваат на летен одмор, вие неуморно ќе работите на постигнување на вашите цели. Ќе бидете вистинска инспирација за луѓето во вашата област на работење во првите три недели од месецот, кога Сонцето ќе патува во вашата амбициозна 10-та куќа.Каде сакате да се видите себеси пред да заминете на одмор? Започнете да трчате во тој правец на 3 јуни кога младата месечина ќе настапи во вашата 10-та куќа на кариерата. Прекрасно поглавје ќе се отвори пред вас доколку одлучите да ги следите вашите амбиции.Шестиот месец од годината ќе ви ги подобри и вештините за работа во група. Цел месец енергичниот Марс ќе патува во вашата 11-та куќа на тимската работа, а на 4 јуни нему ќе му се придружи и комуникативниот Меркур. Ќе ги зајакнете максимално односите со луѓето со кои работите рамо до рамо и ќе умеете да ги мотивирате членовите од вашиот тим. Делете комплименти наместо критики.На 21 јуни мистериозниот Нептун ќе започне да се движи ретроградно во вашиот сектор на договорите и партнерствата. Не потпишувајте ниту еден договор чии услови не ви се кристално јасни или кои се двосмислени. Можно е нештата да не се онакви како што ви изгледаат на прв поглед.

Здравје

Во јуни ќе бидете насочени кон успех, па нема да се задоволувате со малку. Сонцето во првите три недели ќе престојува во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање, поттикнувајќи ве да ги насочите вашите тренинзи кон трајни резултати, а не само кон фит изглед за оваа летна сезона.Некои девици ќе се поврзат со инспиративни личности од социјалните мрежи за да добијат совети од нив како да стигнат до посакуваните резултати. Луѓето ќе имаат големо влијание на вас овој месец.

ВАГА (23. 09 – 22. 10)

Љубов

Добредојдовте во светот на можностите. Јуни ќе ви го рашири погледот, ќе ве турне далеку од вашата сигурна зона за да ви покаже дека пред вас има многу повеќе можности отколку што сте си мислеле. Можно е љубовта да ја пронајдете на место каде што никогаш претходно не сте погледнале.Сонцето во првите три недели од месецот ќе патува во вашата 9-та куќа на експанзијата, самостојноста и ослободувањето. Ќе уживате во статусот сингл и ќе ја обожавате вашата слобода. Иако ќе ви се допаѓа идејата да имате стабилен партнер покрај себе, веројатно нема да се чувствувате подготвени за обврзување. Сепак, тоа не значи дека треба да престанете да флертувате.Во врска сте? Испланирајте патување со партнерот.Бидејќи во првите девет дена од јуни романтичната Венера ќе престојува во вашата 8-ма куќа, романтичните чувства ќе се раѓаат во вас со молскавична брзина. Не е исклучена веројатноста на почетокот од месецот да се заљубите на прв поглед.Ако сте во врска, силните чувства кај вас ќе кулминираат со бременост или свршувачка. Воопшто нема да се двоумите дали сакате да го поминете остатокот од животот со партнерот, бидејќи ќе го обожавате. Вашето либидо исто така ќе биде огромно, па резервирајте го почетокот на јуни за интимни состаноци со партнерот.Сексапилниот Марс цел месец ќе патува во вашиот сектор на кариерата, што значи дека ќе ве привлекуваат моќта и влијанието. Некои ваги ќе се заљубат на коктел забава или деловен состанок.Дозволете си со партнерот вечера во луксузен ресторан и одете на културни настани на кои присуствуваат влијателни личности.На 9 јуни страсната и хармонична Венера ќе премине во вашата 9-та куќа на експанзијата и далечните дестинации. Не се изненадувајте ако одеднаш се заљубите во личност која сте тврделе дека не е ваш тип, со која сте различни како ден и ноќ или која не го зборува вашиот јазик. Спротивностите навистина ќе се привлекуваат овој месец.Желбата на самостојност ќе ве поттикне да поминувате повеќе време следејќи ги личните интереси. Можно е да ги одбивате поканите за излегување со партнерот за да му се посветите на некое ваше хоби и нема ништо лошо во тоа. Ќе умеете да му надоместите за пропуштеното во моментите кога ќе бидете заедно. Љубовните моменти за вас ќе бидат пократки, но послатки.Во последната недела од јуни, можно е да откриете дека ваш пријател е заљубен во вас. Не дозволувајте тоа да ве шокира, вашата реакција треба да биде одмерена.

Работа и пари

Здраво, љубопитни ваги! Во јуни дозволете таа ваша љубопитност да ве води и ќе откриете еден многу поголем свет на можности. Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 9-та куќа на експанзијата, претприемништвото и образованието. Не само што ќе сакате да зборувате за вашите големи соништа, туку и нема да се плашите да ги реализирате. Ова е одличен период за основање сопствен бизнис или за проширување на стариот.Цел месец амбициозниот Марс ќе патува во вашата 10-та куќа на кариерата и професионалните успеси, што значи дека неуморно ќе трчате кон врвот. Сепак, внимавајте бидејќи тоа може да ви донесе зголемен стрес и да ви го намали слободното време. Морате да научите да си поставувате граници.Идеален период за да започнете со реализирање на вашите големи идеи е 3 јуни. Тогаш ќе настапи млада месечина во вашата бестрашна 9-та куќа, правејќи ве склони кон ризици. Веројатно ќе го направите оној прв чекор кој отсекогаш ве плашел и ќе отворите возбудливо ново поглавје во вашата кариера. Зграпчете ги можностите што ви стојат на располагање.На 4 јуни комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Ако сметате дека заслужувате поголема плата или повисока работна позиција, сега е време да ги побарате.Буквално незапирливи ќе бидете во последните 10 дена од месецот, кога Сонцето ќе му се придружи на Марс во вашиот професионален сектор. Поставете си приоритети!

Здравје

Во јуни ќе ги обожавате физичките активности кои ви носат возбуда и новитети. ќе забележете дека сте многу помотивирани доколку експериментирате со различни вежби и со здрави специјалитети во кујната. Сте пробале ли да планинарите, да практикувате јога или да медитирате?Морате да го контролирате вашиот апетит во претстојните пет месеци. На 21 јуни Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашиот велнес сектор, менувајќи ги вашите навики на исхрана. Не одете во екстремности, не претерувајте со диетите и не претерувајте со консумирањето храна. Чекорете по златната средина.Можно е да се соочите со проблеми поврзани со дигестивниот систем, па доколку почувствувате симптоми, консултирајте се со стручно лице.

СКОРПИЈА (23. 10 – 21. 11)

Љубов

Во јуни ќе бидете растргнати меѓу потребата да бидете сами и желбата за дружби и забава. Морате да научите да балансирате за да бидете среќни. Љубов воопшто нема да ви недостига, напротив, ќе ја имате во толкаво изобилие, што на моменти ќе се чувствувате како да сте најсаканата личност на светот.Венера, планетата на љубовта и убавината, цел месец ќе патува во вашите сектори на партнерствата и љубовта. Во првите девет јунски дена, таа ќе ја разубавува вашата 7-ма куќа на љубовта и поврзувањето, зголемувајќи ја вашата желба за обврзување и влегување во нова врска. Нема да можете долго време да го задржите статусот сингл.Многу шкорпии кои веќе ја пронашле својата вистинска љубов овој месец ќе се заколнат на вечна љубов. На раката на некои од нив ќе заблеска свршенички прстен, а на други – златна бурма. Голема е веројатноста тоа да се случи на 3 јуни, кога ќе настапи младата месечина во вашата 8-ма куќа на поврзувањето и трајните врски. Младите месечина секогаш отвораат нови поглавја во нашите животи и ни носат пресвртни моменти. За вас, тие ќе бидат романтични.Сексапилниот Марс цел месец ќе го вжештува вашиот сектор на авантурите и патувањата, правејќи ве желни за нови искуства. Некои шкорпии ќе се затрескаат во личност која до вчера ја оттурнувале велејќи „Не е мој тип“. Љубовта е чудна сила, но за вас ќе биде и прекрасна.Паровите во овој период ќе бидат склони да експериментираат и да ризикуваат. Новите искуства ќе ве возбудуваат, па имате зелено светло да направите со партнерот нешто што никогаш порано не сте го направиле, а сте сакале.Кога на 9 јуни Венера, планетата на љубовта, ќе премине во вашиот сектор на силните чувства и интимноста, вашето либидо ќе скокне во облаци. Страсните ноќи кои ви претстојат во спалната соба со партнерот никогаш нема да ги заборавите. Изговарањето „Те сакам“ ќе биде многу лесно за вас, бидејќи навистина ќе го мислите.Воопшто нема да сакате да го дочекате летото соло. Венера ќе ви ја зголеми желбата за физички контакти, бакнежи и прегратки, па веројатно по 9 јуни ќе ја засилите вашата потрага по ваш љубовен сојузник. Ако некој ви го привлече вниманието, нема да ви биде тешко и вие да му го привлечете неговото. Ќе бидете најатрактивната личност на секоја забава.Ме сака, не ме сака, ме сака, не ме сака… На 21 јуни таинствениот Нептун ќе премине во ретроградно движење во риби, вашата 5-та куќа на страста и романсата. Можно е да се сомневате во чувствата или зборовите на партнерот и да се прашувате дали сте со вистинската личност. Дајте си време за да си ги одговорите сите прашања без да носите избрзани одлуки и запомнете дека никој не е совршен.Ретроградните движења честопати враќаат сенки од минатото во нашите животи и отвораат поглавја кои биле затворени. Во претстојните пет месеци, ваш поранешен партнер ќе се врати во вашиот живот, а неговите намери ќе можете да ги видите кристално чисто.

Работа и пари

Ризиците ќе се исплатат во текот на јуни. Енергичниот Марс цел месец ќе патува во вашиот сектор на претприемништвото и ризикувањето, поттикнувајќи ве да правите смели чекори на професионален план. Пред да трепнете, вие од врвот ќе ѝ мавтате на вашата конкуренција.Сакате да направите ризична инвестиција? Немојте сами. На 3 јуни ќе настапи млада месечина во вашата 8-ма куќа на заедничките инвестиции и богатството, советувајќи ве да работите со партнер. Потезите направени на овој датум ќе ви донесат резултати по шест месеци.Следниот ден, на 4 јуни комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата глобална 9-та куќа, ширејќи ја вашата работа зад граница. Можно е да заминете на професионално усовршување во друга држава, да добиете понуда за работа во странство или да потпишете договор за соработка со влијателен странец. Учете странски јазици, ќе ви требаат.Скок! Ќе направите голем скок во кариерата на 17 јуни, кога полната месечина ќе настапи во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Голема е веројатноста да бидете преместени на лидерска позиција, да бидете унапредени или парично наградени за вашата напорна работа.Во последните десетина дена и Сонцето ќе му се придружи на Марс во вашиот глобален сектор. Ниту небото нема да биде ваша граница. Раширете ги крилјата и летнете!

Здравје

Експериментирајте со физичката активност и со исхраната. Овој месец клучот кон успехот за вас ќе биде разнообразието. Ќе забележите дека авантуристичките спортови ве возбудуваат, особено оние под отворено небо. Подготвени сте да освоите висок планински врв?Одличен ден за детоксикација и прочистување на организмот е 3 јуни, кога младата месечина ќе настапи во вашата 8-ма куќа.Во последните десетина дена од јуни, не стремете се кон совршенство, бидејќи тоа не постои. Бидете понежни кон себе.

СТРЕЛЕЦ (22. 11– 21. 12)

Љубов

Сонцето цел месец ќе патува во вашите љубовни сектори. Во првите три недели од јуни, тоа ќе се движи во вашата 7-ма куќа на обврзувањето, носејќи романтични предлози за брак, слатки изненадувања и позитивни тестови за бременост.Многу стрелци во овој период ќе се зближат со оној што им го забрзува срцето и ќе уживаат во љубовните состаноци со него.Сексапилниот Марс цел месец ќе престојува во вашата 8-ма куќа на сродните души, сексот и интимноста, носејќи го вашето либидо на максимум. Ќе копнеете по моменти насамо со една специјална личност, па имате зелено светло да флертувате со неа за да ѝ го привлечете вниманието. Нема шанси да не успеете, не и со сексапилот што го поседувате.Веќе сте во врска? Марс ќе ги интензивира вашите чувства со партнерот, па нема да сакате да се одделите од неговата прегратка. Само внимавајте, силните романтични чувства под „капата“ на Марс понекогаш преминуваат во љубомора и посесивност.Подготвени сте да го кажете судбоносното ДА или за првпат да ја одведете вашата нова врска во јавност? На 3 јуни ќе настапи млада месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, хармонијата и обврзувањето, отворајќи нови поглавја во вашиот љубовен живот. Нови врски се на повидок.На 9 јуни романтичната Венера ќе премине во близнаци и ќе ве смести меѓу најатрактивните личности во вашето место на живеење. Ќе бидете неодоливи и ќе привлечете прекрасни нови додворувачи кои ќе се борат за вашето срце. Бидете дел од најголемите забави, имате зелено светло да бидете пребирливи.Најубавиот ден за вас овој месец, а можеби и оваа година ќе биде 17 јуни, кога полната месечина ќе го осветли вашиот знак. Сите рефлектори ќе бидат насочени кон вас тој ден, па ако некој ви се допаѓа, тогаш несомнено ќе му го привлечете вниманието.Можно е да се појават семејни проблеми кои ќе ја нарушат хармонијата под вашиот покрив во последните десетина дена од јуни. На 21 јуни таинствениот Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашата 4-та куќа на домот и семејството, носејќи несогласувања и кавги за прашања кои сте ги сметале за затворени. Некои стрелци ќе чувствуваат неоснована вина или љубомора кон партнерот. Почитувајте ги вашите чувства, но запомнете дека тие се привремени.На истиот ден, 21 јуни, Сонцето ќе „фрли“ зраци врз вашата 8-ма куќа на интимноста, зголемувајќи ја максимално вашата желба за приватност. Но, воздржувањата во јавноста ќе резултираат со жешки средби во спалната соба со партнерот, правејќи го почетокот на летото „пеколно“ страстен за вас.

Работа и пари

Не, овој месец не работете сами, бидејќи ќе бидете многу поуспешни кога ќе имате партнер покрај себе.Во првите три недели, Сонцето ќе патува во вашата 7-ма куќа, правејќи ве вешти при преговори и договори. Ќе умеете да ги убедувате луѓето да го купат она што вие го продавате, па ова е одличен период за оние кои имаат работна позиција поврзана со продажба, преговори и привлекување клиенти.Енергичниот Марс цел месец ќе патува во вашиот сектор на пасивните приходи и недвижностите. Можно е да купите или да продадете имот или пак да се израдувате на неочекувана добивка од игри на среќа.На 3 јуни ќе настапи млада месечина во вашиот сектор на партнерствата и договорите. Ќе пронајдете личност со која одлично ќе се согласувате како соработници и која ќе ги надополнува вашите слаби страни. Тоа познанство во претстојните месеци ќе расте и ќе се развива за по шест месеци да прерасне во прекрасно деловно партнерство.Полната месечина на 17 јуни ќе го осветли вашиот знак и ќе ве стави во центарот на вниманието на работното место. Ако имате брилијантна идеја, споделете ја на овој ден.

Здравје

Ќе копнеете по фит и атрактивен изглед на почетокот од месецот, па искористете го тоа како ваша мотивација за да започнете редовно да тренирате и да се храните здраво. Убавата Венера во првите 9 дена ќе патува во вашата 6-та куќа на грижата за себе, охрабрувајќи ве да му го посветите на вашето тело вниманието што го заслужува.Бидејќи за вас јуни е месец на партнерствата, далеку поуспешни ќе бидете доколку тренирате рамо до рамо со друга мотивирана личност. Обиколете се со лица кои ве поддржуваат, бидејќи туѓите зборови ќе имаат големо влијание на вас.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.