3 хороскопски знаци што ќе добијат небесни дарови кон крајот на октомври

Благодарение на тоа што го слушале внатрешниот глас.

Интуицијата ќе биде волшебниот збор во октомври, велат индиските астролози. Важно е да научиме што ни кажува внатрешниот глас. Хороскопските знаци кои ја совладале и ја прифатиле оваа вештина овој месец ќе ги добијат небесните дарови токму затоа што се слушале себеси.

Близнаци

Октомври ќе ви биде тежок, па неопходно е да си верувате себеси и на вашето искуство кое може да ве извлече од секоја кризна ситуација. Потпрете се на шармот кој многу пати досега ви помогнал да се заштитите, без разлика колку е силна бурата во која се наоѓате.

Многу Близнаци се емотивно напнати, чувствувате дека многу работи во вашиот живот се при крај, иако всушност тоа е само нов почеток. Учењето лекции е единственото нешто што е многу важно овој месец, ослободете се од сѐ што ве кочи и дозволете си да напредувате на сите полиња.

Кога ќе го научите и разберете тоа, пред вас ќе се отвори сосема нов свет и ќе се прашувате од што толку се плашевте.

 Лав

Ова е време на проверки и рамнотежи, воспоставување рамнотежа помеѓу давање и земање. Ако чувствувате дека срцето ви е блокирано, тоа е знак дека треба да се промените. Кармички да се промените – не може да очекувате дека околу вас ќе се врти, дека саканите ќе ви го посветат целото свое време, дека се ќе биде по ваша желба и да земате без да дадете ништо за возврат. Не функционира така.

Овој октомври ќе ја дознаете моќта на убавите зборови и на давањето, чувството кога помагате некому без да очекувате ништо за возврат. Верувајте, никогаш не е доцна да направите промени на подобро кои нема да го загрозат вашето достоинство и интегритет, напротив. Научете да растете во давањето и сфатете дека не е се во парите и материјалните добра, без разлика колку ви е привлечен раскошот.

Стрелец

Многу ситуации во животот ги оставате на половина нерешени едноставно затоа што ви е досадно да се ангажирате, а всушност ви е потребна голема промена. Нерешените врски, особено емотивните, имаат тенденција да се враќаат кога најмалку очекувате. Овој октомври на своја кожа ќе ја почувствувате моќта на кармата и плаќањето на кармичките долгови. Сè што некогаш непромислено им правевте на другите сега ќе го исплатите.

Судбината ќе ве удира од сите страни, па нема да знаете каде е лево, а каде десно. Решението е да си ги признаете сопствените грешки и неуспеси, да побарате прошка за да имате отворен и јасен пат пред себе. Бегањето нема да ви донесе ништо добро, бидејќи каде и да одите не можете да избегате од себе.

Од друга страна, исцелувањето (преку барањето прошка) може да биде клучно, па дури и неопходно за повеќе да го слушате своето срце наместо умот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.