ХОРОСКОП: Откријте какво е вашето здравје во август

Дознајте навреме!

Прочитајте какво здравје ве очекува и вооружете се со потребните витамини и минерали!

ОВЕН

На здравствен план ова е поволен период за родените во знакот овен. Многу сте енергични и подвижни, што по себе може да повлече удари, па дури и сериозни повреди. Ќе ви користи ароматерапија. Шетајте на свеж воздух – во шума, на поле, на речен брег – дишете со полни гради.

БИК

Не трошете ја енергијата напразно. Можни се воспалителни процеси на уринарниот тракт и на слузокожата на устата. На биковите им се препорачува чајот и кафето да ги заменат со природни сокови и со одвари од тревки. За да ја зголемите еластичноста на зглобовите, правете вежби за јакнење на грбните мускули и секојдневно практикувајте масажа на телото.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се способни да издржат зголемен физички напор, но треба да обрнат внимание на исхраната. Храна сиромашна со витамини и микроелементи може да доведе до нарушувања на метаболизмот и уништување на коскеното ткиво и на забите. Задолжително во исхраната вклучете свеж зеленчук и зрнести плодови.

РАК

Размената на кислородот кај раковите ќе биде забавена, па ќе ви недостига животна енергија. За подобрување ќе придонесат вежби за дишење на свеж воздух. Неопходно е постојно проветрување на просториите во кои престојувате, но чувајте се од провев! Пожелно е комплетно да ги исфрлите жестоките пијалаци.

ЛАВ

Лавовите се полни со нови идеи и имаат доволно сила да ги реализираат. Па, сепак, претерани оптоварувања може да бидат причина за нарушување на работата на срцето, за венски застој на крвта во нозете, за болки во грбот. За да го зачувате здравјето, се препорачуваат пливање, контрастно туширање или контрастни бањи.

ДЕВИЦА

Како во ниеден друг месец, во август кај девиците се буди инаетот. Лесно е да се предизвикуваат и не поднесуваат кога некој им се спротивставува. Зголемениот апетит може да доведе до насобирање вишок тежина, а нервозата до нарушување на сонот. За подобрување на расположението се препорачуваат физички напор и ноќни прошетки.

ТЕРЕЗИЈА

Биолошкиот потенцијал на терезиите е многу висок. Процесите на регенерација на организмот исто така се на високо ниво, што значи дека постои можност да се ослободите од хроничните заболувања. Сепак, одбранбените функции на кожата се ослабени. За да избегнете кожни проблеми, немојте да го злоупотребувате сончањето.

СКОРПИЈА

Претераната фокусираност на своите проблеми скорпиите во овој период ги прави агресивни. Ќе дојде до слабеење на имунолошкиот систем, па не се исклучени ни воспалителни процеси. Особено се слаби уринарниот тракт и дебелото црево (внимавајте на навремено исфрлање на продуктите на метаболизмот од организмот).

СТРЕЛЕЦ

Многу стрелци може да откријат некаква слабост што порано не ја забележувале. Но доколку навреме посетите лекар, брзо ќе се излекувате. Сосема е веројатно и губење на апетитот. Зголемен физички напор, вклучувајќи помош на сопружникот во домашните работи, ќе ви го подобри расположението.

ЈАРЕЦ

Организмот на јарците моментално е способен да насобира претерано количество неостварена енергија и затоа ќе бидат поволни физички напори, но не и активни видови спорт. Трчањето може да предизвика истегнување и повреди, особено во пределот на стапалата. На крајот на август ќе ви биде ослабена работата на мочниот меур.

ВОДОЛИЈА

Родените во знакот водолија во овој период нема да имаат проблеми со организмот. Мирно можете да одите во ризични походи или на излети. Препорачливо е да држите диета. Во спротивно, постои ризик многу брзо да наталожите вишок килограми, дури и без обѕир на животот со доста движење.

РИБИ

На крајот на август и почетокот на септември рибите не се премногу пребирливи кога е во прашање храната, подготвени се да изедат сѐ што ќе видат. Тоа е тешко искушение за системот за варење. Немојте да ги запоставувате свежиот зеленчук и овошје. Запаметете дека доброто варење е причина за добро расположение и одлично субјективно чувство.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.