3 ТЕСТА: Проверете САМИ дали ви работат добро надбубрежните жлезди!

Советува: Татјана Задорожна, лекарка

Слабост, губење килажа, главоболка – се симптоми на многу заболувања, вклучувајќи ги и проблемите со надбубрежната жлезда.

Проверете ја состојбата на своите жлезди со помош на едноставни тестови, кои може лесно да се спроведат во домашни услови.

ЗЕНИЦИТЕ

Седнете во затемнета соба наспроти огледало. Со батериска ламба од страна вперете светлина во насока на очите околу една минута и гледајте ги зениците. Доколку надбубрежните жлезди се здрави, зениците ќе се стеснат и ќе останат во таа состојба во текот на траењето на целиот експеримент. А ако постои проблем, тие ќе се стеснат, но веќе по половина минута повторно ќе се рашират или де ќе се шират де ќе се стеснуваат и буквално ќе пулсираат.

Што значи тоа? Во случај на нарушување на работата на надбубрежните жлезди доаѓа до недостиг од хормонот алдостерон, кој е заслужен за задржување на натриумовите соли и излачување на калиум од бубрезите. Поради тоа се случува дисбаланс, поради што слабее регулацијата на мускулите на зеницата, па тие не се стеснуваат при светлина.

МОРСКА СОЛ

Измерете го пулсот во состојба на мирување. Потоа земете лажиче морска сол растворена во вода и по две-три минути повторете го мерењето. Забрзувањето на пулсот за десет и повеќе отчукувања е повод да ги испитате надбубрежните жлезди.

ПРОМЕНА НА ПОЛОЖБАТА

Легнете на кревет пет минути и, не станувајќи, измерете го артерискиот притисок. Потоа станете и повторно измерете го. Нормално е притисокот малку да се покачи. Меѓутоа, снижување на артерискиот притисок, вртоглавица и мушички пред очите може да бидат знаци на слабост на надбубрежните жлезди.

! Доколку тестовите ги покажат наведените промени – одете на лекар заради испитувања.

Советува: Татјана Задорожна, лекарка

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.