Недоумици на родителите: Кои се најкорисни детски појадоци?

„Кои варијанти појадок се сметаат најкорисни за децата? Секогаш сметав дека нема ништо подобро од каша, но моите деца е невозможно да се натераат да го јадат тоа. Постои ли алтернатива?“, прашува В. Петровски, Кавадарци

Појадокот е најважниот оброк. По мислењето на педијатрите, тој мора да содржи четвртина од дневните калории. Но не е задолжително да го мачите детето со омразената каша. Постојат исто толку корисни и вкусни варијанти на појадоци за децата.

* Омлетот е јадење што заситува, кое го сакаат речиси сите деца. Обидете се да го направите покорисен додавајќи во јајцата пире од моркови, брокули и спанаќ. Но сирење и шунка ќе бидат вишок во детскиот омлет.

* Запечените комбинации со кравјо сирење или џем се одлична варијанта за почеток на денот. Впрочем, повеќето деца се по вкусот на запечените варијанти со месо, бела риба или зеленчук со додаток од трици.

* Од тестенините од тврдите сорти пченица со путер и сирење нема да се откаже ниедно дете. Ова е одличен извор на сложени јаглехидрати, корисни за активните деца.

* Сендвичите од интегрален леб со сирење или месо, со додаток од зеленчук и зелена салата се одлична варијанта на корисен појадок за постарите деца.

Текст: Олеса Владимировна Бутузовна, педијатар

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.