Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2019: Најсреќни овој месец ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, и РАКОВИТЕ

БИК (20. 04 – 20. 05)

Љубов

Кокетирањето ќе ви годи, па ако сте сингл, можеби уште некое време нема да сакате да го промените статусот и да се обврзете.Во првите девет дена од јуни, Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе патува во вашиот знак, полнејќи ве со страст и живост. Ќе бидете како среќно мало дете кое може да го освои и најтврдото срце со својата неодоливост. Ова е одличен период за да му го привлечете вниманието на оној што ви се допаѓа, но не му се предавајте веднаш во прегратка, туку дајте си време за добро да се запознаете.Ако сте во врска, ќе забележите дека спонтаноста кај партнерот повеќе ве привлекува отколку сериозноста. Ќе ви се допаѓа возбудата и слободата да носите одлуки во последен момент. Веројатно пријатно ќе го изненадите саканиот со нова верзија на себе која тој досега не сте му ја покажале.Сексапилниот Марс цел месец ќе патува во вашиот сектор на кокетирањето, дружбите и поврзувањето со луѓето, што значи дека ќе обожавате да излегувате. Некои бикови овој месец ќе бидат освоени од пријател од школските клупи или од нивното маало. Можно е таа личност да сте ја среќавале секој ден, но никогаш да не сте ја гледале на романтичен начин. Во врска сте? Фатете го партнерот за рака и заедно одете на најлудите забави во вашето место на живеење, тоа ќе се одрази позитивно на вашите односи и на страста во врската.Откако на 9 јуни романтичната Венера ќе се пресели во вашиот сектор на сериозноста и стабилноста, ќе бидете посклони кон обврзување и влегување во нова врска. Ако веќе сте го запознале Вистинскиот, сега е време да ги споите усните. Ако пак сè уште трагате по него, не го барајте во несериозни и незрели личности. Таму нема да го пронајдете!Зачинете ги љубовните состаноци со партнерот со вкусна храна и скапо вино, бидејќи убавите нешта кои ви ги разгалуваат сетилата ќе ви делуваат како афродизијак во овој период. Негувајте софистициран изглед!Единствената полна месечина во стрелец за оваа година ќе настапи на 17 јуни во вашата 8-ма куќа на силните чувства и интимноста. Резервирајте го овој ден само за вашиот сакан, бидејќи ќе сакате физичка блискост со него. Ќе се чувствувате како да се вљубувате по вторпат во него.Не се изненадувајте ако Купидон неочекувано ве погоди со љубовна стрела и да ви разбуди романтични чувства кон некој кој првпат го гледате. Ако не верувате во љубов на прв поглед, подобро е да започнете.Доколку имате проблем во врската или нешто ве мачи, разговарајте смирено за тоа со партнерот во последната недела од месецот. На 27 јуни, Меркур, планетата на комуникацијата и интелектот, ќе започне да патува во вашата 4-та куќа на сентименталноста и ранливоста, помагајќи ви на правилен начин да разговарате дури и на најтешките теми. Ќе најдете решение.Нежниот поглед и сентименталноста ќе им помогнат на многу бикови да се поврзат со романтична душа со која одлично ќе си одговараат.

Работа и пари

Вашите пет минути за да блеснете на професионален план започнуваат… СЕГА! Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, правејќи ве вистинска ѕвезда во вашата област на работење. Ќе имате големи идеи, но најубавото е што ќе успеете и да ги реализирате. Јуни ќе ви донесе и можности за дополнителна заработка, но дали ќе ги прифатите, зависи само од вас.Една од нив ќе пристигне на 3 јуни, кога младата месечина ќе настапи во вашата професионална 2-ра куќа, носејќи ви нови почетоци во неа. Можно е да го добиете проектот од соништата, да бидете унапредени или да се израдувате на бонус на вашата банкарска сметка.Јуни е одличен месец за презентирање и реализирање на вашите идеи. На четвртиот ден од месецот, комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 3-та куќа на интелектот и идеите. Импресионирајте ги личностите што можат да ги реализираат вашите замисли. Можете!Инвестиција направена пред неколку месеци ќе ви донесе големи награди на 17 јуни. Тогаш полната месечина ќе ја осветли вашата 8-ма куќа на богатството и заедничките инвестиции, крунисувајќи ги вашите напори со успех.

Здравје

Имате навика што ве нервира или ви ја намалува енергијата? Во јуни, планетите ќе ви помогнат да го промените вашиот начин на живот во позитивна насока. Во првите три недели, Сонцето ќе патува во вашиот сектор на рутините и самодовербата, давајќи ви мотивација да станете подобра личност.Поврзете се со личности кои се стремат кон исти цели како вас. Заедно ќе бидете посилни… и помотивирани.

БЛИЗНАЦИ (21. 05 – 20. 06)

Љубов

Не заборавајте да си замислите роденденска желба.Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашиот знак, назначувајќи ве за среќници. Ќе зрачите со харизма, шарм и позитивност и лесно ќе привлекувате внимание. Во овој период, ставете се себеси на прво место и грижете се за вашите потреби. Веројатно ќе забележите дека и другите ќе го прават истото.Заборавете ги луѓето кои некогаш ве повредиле, грешките кои не можете да ги поправите, партнерите кои повеќе не се со вас, ситуациите кои ве растажуваат, спомените кои не ви дозволуваат да влезете во нова врска… Направете го сето тоа во првите девет дена од месецот додека хармоничната Венера патува во вашата 12-та куќа на завршетоците и лекувањето. Ослободете простор во вашето срце за љубов.Во меѓувреме, сексапилниот Марс цел месец ќе престојува во вашата 2-ра куќа на парите и сигурноста. Паровите можно е да се соочат со расправии поради финансии или прекумерно работење. Не бидете тврдоглави, насочете се кон компромисни решенија.Огнениот Марс ќе ги поттикне близнаците со статус сингл да се насочат кон оние додворувачи кои покажуваат зрелост и сериозност. Љубовта не треба да биде игра, колку и да ви се допаѓа возбудата.Близнаците кои се во врска до 9 јуни ќе имаат бујни фантазии и ќе го гледаат светот низ розов превез. Тоа значи дека можно е да ја идеализираат љубовната врска и да не можат да ги видат проблемите во неа. Не грижете се, набрзо сè ќе се промени.Веројатно најубавиот ден месецов, а можеби и годинава, за вас ќе биде 3 јуни. Тогаш ќе настапи млада месечина во вашиот знак и ќе ве поттикне да промените во вашиот живот сè што повеќе не ве усреќува. Ви претстојат прекрасни нови почетоци.На љубовен план, тие ќе дојдат уште на 9 јуни. Тогаш романтичната Венера ќе се пресели во вашиот знак, полнејќи го вашиот резервоар со самодоверба, шарм и сензуалност. Ќе се чувствувате специјално и посебно во сопствената кожа, а ќе има и зошто. Многу погледи ќе се насочат кон вас овој месец.Ако сте во врска, партнерот буквално ќе ви јаде од рака, бидејќи нема да сака да направи нешто со што би ве повредил. Проблемите ќе исчезнат од вашата врска и страста ќе завладее во неа. Ова е идеален период за да ги пополните со љубов пукнатините во вашите односи и во останатите месеци да се радувате на стабилна врска.Уште еден романтичен ден за вас ќе биде 17 јуни. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, туркајќи ја вашата врска на следното ниво. Можно е партнерот да ве запроси или да се израдувате на позитивен тест за бременост.Не сте во врска? Дотерајте се и излезете. Ќе запознаете идеален кандидат за освојување на вашето срце.

Работа и пари

Соберете храброст и тргнете во акција кон постигнување на вашите највисоки цели. Што е она што го сакате? Каде сакате да се видите себеси во иднина? Ризикувајте, а планетите ќе ги наградат вашите смели потези.Во првите три недели од јуни, Сонцето ќе патува во вашиот знак, правејќи ве незапирливи. Ќе бидете полни со самодоверба и енергија, а тоа позитивно ќе се одрази на вашите лични цели. Нема ништо лошо во тоа да ги направите приоритет вашите најважни проекти.Еден од нив ќе започне да се реализира уште на третиот ден од месецот, кога младата месечина ќе настапи во вашиот знак. Ризикувајте, среќата ќе ги следи храбрите.Кажете им збогум на недоразбирања на работното место! На 4 јуни комуникативниот Меркур ќе влезе во вашата 2-ра куќа на работата и парите и ќе ве охрабри да зборувате за проблемите со колегите, претпоставените, соработниците. Ќе бидете вистинска инспирација, бидејќи ќе умеете да правите компромиси и да ги признавате вашите грешки. Периодот од 4 до 22 јуни е идеален за преговори и создавање нови контакти.Доколку имате добра идеја поврзана со работата, споделете ја во последната недела од месецот. Ќе импресионирате влијателна личност која ќе ви помогне да ја реализирате.

Здравје

Јуни ќе ви помогне да го промените вашиот начин на живот, да се откажете од лошите пороци и да создадете трајни навики. Време е да започнете редовно да тренирате, да излегувате почесто во природа и да се храните здраво. Без изговори!Најдете начин како да се ослободувате од стресот и напнатоста предизвикани од напорната работа.

РАК (21. 06– 22. 07)

Љубов

Марс цел месец ќе патува во вашиот знак, исправувајќи го вашето тело, подигнувајќи ја вашата глава и дарувајќи ви самодоверба. Претставниците на спротивниот пол ќе зјапаат во вас со занес, а многу од нив ќе соберат храброст да ви се приближат. Имате зелено светло да бидете пребирливи.Ако сте во врска, не зависете од партнерот. Да, поминувајте време заедно, но покажете му дека имате живот и надвор од врската. Дружете се со пријатели, вежбајте, имајте хобија…Во првите девет дена од јуни, романтичната Венера ќе престојува во вашата 11-та куќа на пријателството и групните активности. Кај вас, љубовта ќе се роди на гласно место, па придружете им се на пријателите на најлудите забави. Некои ракови ќе откријат дека нивен пријател е заљубен во нив или пак тие ќе се заљубат во пријател.Паровите, под влијание на Венера, ќе ги зачестат дружбите со други парови или пријатели, а тоа позитивно ќе им се одрази и на врската.Заборавете го! Ако ваш поранешен партнер постојано ви се врти во мислите и ве спречува да започнете нова врска, заборавете го на 3 јуни. Под светлината на младата месечина во вашата 12-та куќа на завршетоците, вие ќе ги пуштите да си одат од вашиот живот сите луѓе и ситуации кои не ве усреќуваат повеќе. Некои ракови ќе пронајдат личност која ќе им помогне да затворат болно поглавје од животот.Флертувајте со зборови и освојувајте со интелект и мудрост по 4 јуни, кога комуникативниот Меркур ќе транзитира во вашиот знак. Нешто прекрасно ќе се случува кога вие зборувате и светот на момент ќе замолчува. Најдете начин како да му го кажете првото „Здраво“ на оној што ви се допаѓа и неговото срце ќе биде ваше.Проблемите во врската ќе испарат за раковите кои се подготвени да разговараат за нив со партнерот. Престанете да велите „Ништо не ми е“ и да очекувате партнерот сам да сфати зошто сте лути. Клучот кон добра и стабилна врска е во комуникацијата. Летото дефинитивно ќе ви започне страсно и романтично. На првиот летен ден, Сонцето ќе се пресели во вашиот знак и ќе ја стартува вашата роденденска сезона. Прославете го вашето постоење со роденденска забава, на која ќе му покажете на светот колку се гордеете со партнерот. Ако пак сè уште не сте ја пронашле вашата половина, сега ќе привлекувате погледи каде и да се појавите. Навикнете се да бидете во центарот на вниманието.

Работа и пари

Кој вели дека не можете да постигнете сè што ќе посакате? Овој месец не верувајте во тоа, бидејќи нема да биде вистина. Црвената планета Марс цел месец ќе патува во вашиот знак и ќе ви дава желба и енергија да ги следите вашите високи амбиции. Нови хоризонти ќе се отворат пред вас, а вие ќе го пронајдете вашиот пат кон врвот.Сепак, не заборавајте да си го дадете потребниот одмор кога ќе се почувствувате истоштено. Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците, поттикнувајќи ве да не се форсирате себеси. Одделувајте си доволно време за квалитетен сон и за активности кои ве релаксираат.На 4 јуни комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот знак, па доколку се соочувате со проблеми на работното место или пак сакате да се истакнете пред конкурентите, зборувајте.На 21 јуни Сонцето ќе премине во вашиот знак и ќе ве стави во центарот на вниманието на работното место. Ќе бидете неверојатни во презентирање идеи, јавни настапи, преговори и меѓучовечки односи. Ќе успевате да мотивирате и инспирирате, па ќе бидете незаменлив ресурс на работното место.Ако сметате дека заслужувате унапредување, побарајте го во последната недела од месецот.

Здравје

Тренирате само 2-3 пати неделно? Започнете да го правите тоа секој ден. Овој месец ќе се радувате на огромна енергија и мотивација сè додека навечер си го давате потребниот одмор.Планиравте да започнете да вежбате, да пробате нов режим на исхрана или да ги направите потребните здравствени прегледи? 17 јуни е идеален ден за тоа. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Некои ракови ќе добијат позитивна вест поврзана со нивното здравје.

ЛАВ (23. 07 – 22. 08)

Љубов

Летото е на прагот, а атмосферата во вашиот друштвен живот ќе гори. Ќе ги обожавате пријателите, а и тие вас. Сепак, желбата за дружење воопшто нема да ви ја попречува желбата за љубов. Ако сте во врска, ќе сакате да излегувате заедно со партнерот.Во првите три недели од јуни, Сонцето ќе престојува во вашата гласна и друштвена 11-та куќа. Не останувајте со подотворена уста ако откриете дека ваш пријател има романтични чувства кон вас. Линијата меѓу љубовта и пријателството е тенка.Романтичната Венера во првите девет дена од јуни ќе патува во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање, што значи дека ќе ја градите вашата иднина врз стабилна основа. Разговарајте со партнерот на сите важни теми како брак, деца, дом и сл. за да се уверите дека имате иста заедничка цел.Лавовите со статус сингл ќе бидат освоени од личност која е на висока позиција во кариерата или од личност која не се плаши од обврзување. Сериозноста, моќта и влијанието ќе делуваат секси за вас во првите јунски денови.Сексапилниот Марс цел месец ќе престојува во вашата 12-та куќа одморот и завршетоците, намалувајќи го вашето либидо. Можно е да одбивате да бидете интимни со партнерот, но тоа нема негативно да ви се одрази на врската, бидејќи ќе смислувате прекрасни начини за да му покажете колку многу го сакате. Креативноста ќе ви биде огромна.Доколку ве боли уште стара љубовна рана или не сте среќни во вашата врска, време е да кажете КРАЈ.На 9 јуни и страсната Венера ќе му се придружи на Сонцето во вашата друштвена 11-та куќа, што е уште еден предвесник дека можеби вашата вистинска љубов се крие во вашиот друштвен круг. Не грижете се ако бидете привлечени на романтичен начин од ваш долгогодишен пријател. Некои од најубавите врски се родиле од пријателство.Во врска сте? Фатете го партнерот за рака и одведете го на забавно место каде ќе танцувате како да нема утре. Паровите кои се забавуваат заедно, остануваат заедно!На 17 јуни ќе настапи полна месечина во вашата 5-та куќа на страста и романсата. Ќе биде речиси невозможно да ги скриете вашите романтични чувства, а најубавото е што нема ни потреба да го правите тоа.Нептун, планетата на скриените намери и таинственоста, на 21 јуни ќе започне да се движи ретроградно во вашата 8-ма куќа на интимноста. Можно е да ви се разбудат старите сомнежи во партнерот или да чувствувате љубомора. Дајте си време за да се справите со овие чувства, бидејќи голема е веројатноста тие само да се плод на вашата бујна фантазија.Гласот ќе ви биде сексапилен и заводлив во последната недела на јуни. Ако имате проблем во врската за кој не сте сакале да зборувате, сега е време за тоа. Партнерот нема да може да ви одолее, па секој разговор ќе завршува со бакнежи и прегратки.

Работа и пари

Јуни за вас секогаш е како создаден за тимска работа, зајакнување на соработките, зголемување на мрежата на деловни контакти и подобрување на комуникацијата со колегите. Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 11-та куќа на групните активности, правејќи ве како лепило за луѓе. Не само што ќе создадете куп нив врски, туку ќе успеете да спасите куп што виселе на конец.Ако ви биде доделен проект за кој е потребна работа во група, прифатете го без двоумење. Можно е набрзо да добиете и лидерска позиција. Голема е веројатноста тоа да се случи на 3 јуни, кога младата месечина ќе настапи во вашата 11-та куќа на тимската работа. Некои лавови ќе станат влијателен фактор на социјалните мрежи, благодарение на вирална објава.Бидејќи енергичниот Марс цел месец ќе се движи во вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците, потребно е да воспоставите баланс меѓу вашата амбициозност и потребата од релаксација и пауза.На 21 јуни, кога Нептун ќе започне да се движи ретроградно во вашиот сектор на заедничките инвестиции, можно е да започнете да се сомневате во инвестиција која сте ја направиле во минатото. Некои лавови ќе бидат спречени да купат или да продадат недвижен имот.

Здравје

Знаете ли што значи зборот „одмор“? Ако не знаете, овој месец треба да научите, бидејќи ќе имате потреба од него. Енергичната планета Марс цел месец ќе спие во вашата 12-та куќа, намалувајќи ја вашата енергија. Сепак, тоа не значи да ги занемарите тренинзите и здравите навики, туку само да внимавате да не претерате.На 21 јуни и Сонцето ќе му се придружи на Марс во вашата мрзелива куќа и целосно ќе ви ги испразни батериите. Во последната недела од месецот, ќе бидете склони кон преморување, па внимавајте!

ПРОДОЛЖУВА НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА…

 

.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.