Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2019: Најсреќни овој месец ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, и РАКОВИТЕ

Јуни ќе ни донесе возбуда и динамика, ќе нè потсети на важноста на семејството и ќе ни укаже дека мораме повеќе да се грижиме за менталното здравје. Под влијание на Сонцето, во првите три недели од месецов, ќе ги зачестиме друштвените средби. Разговорите ќе нè исполнуваат и воопшто нема да ни смета да го посветиме секој час од слободното време на дружење надвор од дома.

Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе стави акцент на разговорите. Ќе се увериме дека со разговор може да се реши секој љубовен проблем и дека нема подлабоко поврзување од она кога ќе си ги отвориме душите со партнерите.

Марс ќе си поигрува со нашето трпение и емоциите, па мошне важно е да си одделуваме време за релаксација и средување на мислите.

Во последните десет дена од јуни, ќе го свртиме фокусот кон најблиските.

Најсреќни овој месец ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, но и РАКОВИТЕ ќе ја почувствуваат наклонетоста на небесните тела.

ЈАРЕЦ (22. 12 – 19. 01.)

Силни романтични чувства ќе ве обземат во текот на јуни, па без разлика на моменталниот љубовен статус, вие ќе копнеете по личност во чија прегратка ќе ги поминете претстојните летни авантури.Првпат по две години, сексапилниот Марс ќе помине цел месец во вашата 7-ма куќа на партнерствата и љубовта, правејќи ве атрактивни и заводливи. Партнерот ќе ве обожава, па ако сакате да добиете нешто од него, ова е вашето време да зборувате.Не сте во врска? Престанете да ја избегнувате темата „љубов“, кога тоа е единственото нешто што ви се врти во мислите. Отворено покажувајте ги вашите чувства и нема да жалите. Огромна е веројатноста тие да бидат возвратени.Дека вашиот љубовен живот ќе гори покажува и поставеноста на романтичната Венера. До 9 јуни страсната планета ќе престојува во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, потенцирајќи ја вашата убавина. Постојано ќе изгледате како модна дива од насловната страница на врвно списание. Гламурозниот изглед е за претпочитање, па не ја чувајте омилената модна комбинација за специјална прилика.Ако сте во врска, првите девет јунски дена се многу плодни за вас. Имајте го тоа на ум ако се обидувате да направите бебе со партнерот.За стабилна љубовна врска потребна е добра комуникација, а вие дефинитивно ќе ја имате со партнерот во периодот од 4 до 22 јуни, кога интелигентниот Меркур ќе патува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и љубовта. Секој проблем ќе го решавате како две зрели личности кои знаат што сакаат. Зборот „кавга“ ќе биде непознат поим за вас.Преку интелигентни дебати и уникатни ставови, јарците со статус сингл во овој период ќе го привлечат вниманието на специјална за нив личност. Разумот ќе ве води, па веројатноста за непромислени постапки речиси нема ни да постои.Иако ќе бидете беспрекорен перфекционист по 9 јуни, не барајте совршенство од партнерот, не го критикувајте за неговите грешки и не се обидувајте да го „оформите“ по ваша мера. Романтичната Венера на 9 јуни ќе се всели во вашиот сектор на деталите, правејќи ве неверојатно внимателни и посветени на одржување на редот. Ако постои навика која ве нервира кај саканиот, разговарајте смирено со него. Само така ќе влијаете на него. Јарците со статус сингл ќе бидат освоени од личност со фит изглед која посветува големо внимание на здравјето.На 21 јуни Нептун, планетата на скриените намери и таинственоста, ќе започне да се движи ретроградно. Во вашиот живот ќе се врати ваш поранешен партнер или љубов од школските клупи, но пред да го блокирате на социјалните мрежи за да не се повредите себеси повторно, дајте му шанса. Можеби овој пат ќе биде поинаку.Во последните 10 дена од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 7-ма куќа на обврзувањето, носејќи предлози за брак, свршувачки, официјализирање на врските…

Работа и пари

Организираноста и посветеноста на деталите ќе ви бидат најсилни карактеристики овој месец. Во првите три недели од јуни, Сонцето ќе патува во вашата 6-та куќа на перфекционизмот и аналитичкиот ум, помагајќи ви да бидете беспрекорни што и да правите. Темелно ќе ги извршувате работните обврски и тоа ќе ве оддели од останатите конкуренти.Односите меѓу вас и вашите партнери и соработници значително ќе се подобрат овој месец, благодарение на присуството на енергичниот Марс во вашата 7-ма куќа на хармонијата и партнерствата.Младата месечина на 3 јуни ќе донесе во вашиот живот лојална и вредна личност која ќе ви помогне да си го олесните животот. Ова е одличен ден за расчистување на хаосот во вашиот живот и за создавање навики кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни и поефективни во работата.На 17 јуни ќе настапи полна месечина во вашата 12-та куќа на завршетоците и ќе ви помогне да финиширате проект на кој работевте во изминатите месеци. Конечно ќе здивнете со олеснување, знаејќи дека ќе можете да си го дадете потребниот годишен одмор.

Здравје

На 3 јуни ќе настапи млада месечина во близнаци, вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот и ќе ви помогне да се вратите на правилната патека кон поздрав начин на живот. Ако во изминатиот период бевте слаби на слатки и вкусни искушенија, сега ќе започнете лесно да им одолевате. Направете си распоред со тренинзи кој ќе ве врати во форма летово.Откако на 9 јуни Венера, планетата на убавината, ќе започне да патува низ близнаци, ќе се посветите на негување на телото и внатрешно и надворешно. Ставете се себеси на врвот на листата со приоритети и нема да зажалите!

ВОДОЛИЈА (20. 01 – 18. 02)

Љубов

Животот е убав! Ваков ќе биде вашиот став во текот на вашиот најзабавен месец од годината – јуни. Летото е на прагот, но за вас атмосферата веќе е пеколно жешка. Ќе љубите со целото свое срце и нема да се плашите да го покажете тоа.Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашата 5-та куќа на страста, живоста и флертувањето, правејќи ве неодоливи. Колку повеќе ќе се забавувате, толку повеќе внимание ќе привлекувате. Ако сте сингл, не пропуштајте ниту една журка која има потенцијал да ве размрда на подиумот. Токму на такво место ќе ја сретнете вашата сродна душа. Двојките во овој период треба да се забавуваат заедно. Флертувајте со партнерот во јавност и ќе уживате во страсни игри под чаршафите во интимна атмосфера. Па што ако сте во брак? Тоа не значи дека не треба да излегувате. Фатете го партнерот за рака и излезете.Во првите девет дена од месецот, романтичната Венера ќе патува во вашиот сектор на домот и семејството, поттикнувајќи ве да ја излеете целата своја љубов врз членовите од вашата фамилија. Ако сте во брак, со сопругот ќе им се радувате на хармоничните и страсни моменти кои ви претстојат.Некои водолии во овој период ќе започнат со реновирање на домот или пак ќе ја променат адресата на живеење. Романтиката и страста за некои водолии ќе донесат прекрасна вест за бременост на 3 јуни, кога ќе настапи млада месечина во вашата 5-та куќа. Други водолии пак за првпат ќе спојат усни со оној што им се допаѓа, додека трети – ќе имаат незаборавен момент со саканиот. Ова е ден кога имате зелено светло да ги покажете вашите чувства.И токму кога започнавте да се сомневате дали може да се заљубите повторно, убавата Венера ќе се пресели во вашиот романтичен сектор и ќе донесе нова љубов во вашиот живот. Ќе го спуштите штитот кој го држите пред вашето срце и ќе дозволите специјална личност да влезе во него. Нови врски се на повидок.Ако сте во врска, во овој период со партнерот ќе правите сериозни планови за правење бебе или за носење на врската на следното ниво.Последните четири дена од јуни се идеални за разговори со партнерот на сериозни теми за иднината и за проблеми кој ви ги нарушувале односите. Престојот на комуникативниот Меркур во вашата 7-ма куќа на хармонијата ќе ви помогне да ги „исправите кривите Дрини“.Ако сте соло, веројатноста да ја запознаете вашата сродна душа на крајот на месецот е голема.

Работа и пари

Организирани како никогаш досега ќе бидете во текот на шестиот месец од годината. Ќе бидете перфекционист кога е во прашање вашата работа, а вашата посветеност на деталите ќе ви ги донесе најголемите пофалби и награди. Енергичниот Марс од вашата 6-та куќа цел месец ќе ви го засилува аналитичкиот ум и ќе ви помага за останете фокусирани. Непосредно пред заминувањето на летен одмор, вие ќе можете да се пофалите со најпродуктивен месец.Многу водолии на 3 јуни ќе започнат прекрасен проект кој ќе им ја разбуди креативноста и ќе ги поттикне да размислуваат во нови насоки. Младата месечина секогаш носи нови почетоци.Следниот ден, на 4 јуни, комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 6-та куќа на деталите и структурата, поттикнувајќи ве однапред да ги планирате сите активности и работни задачи. Организирајте го максимално вашето време и ќе забележите колку попродуктивни ќе бидете.На 17 јуни ќе настапи полна месечина во вашиот сектор на тимската работа и со успех ќе круниса проект на кој сте работеле сложно со вашите колеги. Сите ваши напори сега ќе бидат наградени, па не заборавајте да ја кренете чашата и да наздравите за успехот.На 21 јуни таинствениот Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашата 2-ра куќа на работата и парите, поттикнувајќи ве да бидете поштедливи. Заборавете на нештата кои ви ја празнат банкарската сметка, а кои не ви се неопходни за живот.

Здравје

Живеете неактивен живот? Честопати во снемува енергија? Се храните нездраво? Време е за промени. Енергичниот Марс ќе го помине цел јуни во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, туркајќи ве кон поздрав животен стил. Марс доаѓа тука само еднаш на две години, па морате да го искористите неговото присуство за да ги направите тренинзите и балансираната исхрана составен дел од вашиот живот.На 4 јуни и комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот велнес сектор. Поврзете се со инспиративни личности кои веќе го изодиле патот кој вие сега го одите и црпете мотивација од нивните зборови.На 21 јуни и Сонцето ќе му се придружи на Марс во вашата 6-та куќа, правејќи ве зависник од здрави навики. Ќе се чувствувате прекрасно во вашето фит тело.

РИБИ (19. 02 – 20. 03.)

 

Љубов

Марс цел месец ќе престојува во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, давајќи ви привлечност за каква што останатите сонуваат. Крајот на пролетта и почетокот на летото за вас ќе бидат исполнети со романтични и страстни моменти за паметење. Нема шанси уште долго време да бидете соло, ако сте сингл. Ќе сакате да љубите и да бидете љубени.Во врска сте? Марс ќе ја вжешти максимално атмосферата во врската, но внимавајте, силните чувства да доведат до љубомора и посесивност.Подолго време го притискавте јазикот на вашите заби и ги гризевте усните за да не ги искажете вашите вистински чувства? Време е да се ослободите од грутката на вашето грло. На 4 јуни комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, поттикнувајќи ве отворено да ги изразувате вашите чувства. Можно е први да му кажете „Те сакам“ на оној што ви се допаѓа.Во врска сте? Меркур во рак за вас ќе донесе секси разговори со партнерот и флертување со зборови. Некои парови за првпат ќе отворат теми како создавање семејство и правење бебе.На 3 јуни ќе настапи млада месечина во вашата 4-та куќа на домот и семејството и за некои риби ќе донесе преселување, за други, вест за нов член во семејството, а за трети, посакуваната хармонија во домот. Ова ќе биде прекрасен ден за рибите кои се во брак, бидејќи со партнерот ќе ги расчистат сите проблеми што им ги нагризувале односите.На 9 јуни романтичната Венера ќе го напушти вашиот комуникативен сектор и ќе се пресели во вашата фамилијарна 4-та куќа, дополнително подобрувајќи ги семејните односи. Одеднаш ќе чувствувате потреба да намалите со забавата и да им се посветите на вашите најмили. Пренесете ги љубовните состаноци со партнерот во домашна атмосфера и уживајте додека заедно готвите вкусни специјалитети или додека избирате кој филм ќе го гледате следно.Во овој период, ќе бидете нежни, сентиментални и ранливи, па ако сте сингл, внимавајте кого пуштате во вашето срце.Во последните десетина дена од месецот, држете ги картите притиснати до вашите гради и не откривајте информации за себе кои никогаш претходно не сте ги споделиле. Во тој период таинствениот Нептун ќе патува со ретроградно движење во вашиот знак, правејќи ве премногу отворени. Ако чувствувате потреба да споделите нешто, направете го тоа пред доверливите пријатели, а не пред додворувачите.Во животот на некои риби на крајот на месецот ќе се врати поранешен партнер кон кого имале силни чувства. Овој пат јасно ќе можете да ги видите неговите намери, па нема да ви биде тешко да одлучите дали ќе му дадете уште една шанса или ќе ја треснете вратата пред неговото лице.

Работа и пари

Во јуни ќе воспоставите прекрасен баланс меѓу семејниот и професионалниот живот, па нема да одите ниту во една екстремност, ниту во друга. Енергичниот Марс цел месец ќе патува во вашата 5-та куќа на креативноста, насочувајќи ја вашата работа во интересни насоки. Ќе го обожавате она што го правите, а вашата страст ќе ви носи неверојатни резултати.Во меѓувреме, во првите три недели од месецот, Сонцето ќе ја грее вашата куќа на домот. Воопшто нема да прифаќате дополнителни ангажмани на работа кои би ви го скратиле времето за семејството, па ќе си го намалите притисокот.Најуспешниот ден за вас овој месец, а веројатно и оваа година ќе биде 17 јуни. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 10-та куќа на кариерата и ќе ви донесе голем професионален успех. Вашите напори од претходните шест месеци, сега ќе ви донесат огромни награди.Пазете се од вашите конкуренти и непријатели во последните 10 дена од месецот кога Нептун, планетата на скриените намери, ќе патува со ретроградно движење во вашиот знак. Некој може да не ви го покажува вистинското лице.

Здравје

Насочете се кон позабавни тренинзи овој месец. Бидете креативни додека вежбате, бидејќи ќе го обожавате разнообразието и забавата. Дали сте пробале да вежбате пилатес, аеробик или да трчате во паркот? Пробајте нешто ново.Многу риби овој месец ќе се чувствуваат непријатно кога вежбаат во јавност, па ќе одлучат да ги пренесат тренинзите дома. Ова е идеален период за да започнете да се храните дома и да се насочите кон здрави домашно приготвени оброци.

ОВЕН (21. 03 – 19. 04)

 

Љубов

Како што ќе растат температурите, така вашиот темперамент ќе станува понескротлив. Подгответе се за луди ноќи, излегувања до доцните часови, авантури и нови пријателства.

Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе престојува во вашата 3-та куќа на поврзувањето и комуницирањето со луѓето. Очекувајте да запознаете многу нови личности, но додека едни од нив ќе ве гледаат само како пријател, други ќе имаат романтични чувства кон вас.Сепак, колку и да сакате да се опуштите и да не ги анализирате зборовите на вашите додворувачи, во првите 9 дена од јуни, тоа ќе ви биде невозможна мисија. Романтичната Венера тогаш ќе престојува во вашата 2-ра куќа на стабилноста и сериозноста, правејќи ве екстремно внимателни.Првите 9 јунски денови се одлични за паровите кои созреваат и ја придвижуваат врската кон следното ниво. Можно е со партнерот да одлучите да отворите заедничка банкарска сметка, да купите заеднички дом или да создадете заеднички рутини.Сексапилниот Марс ќе го помине цел јуни во вашата 4-та куќа на сентименталноста и нежноста, што значи дека вашите чувства ќе бидат длабоки и силни. Доколку се заљубите овој месец, тоа ќе биде инстантно и веројатно на прв поглед. Не се обидувајте да ги скриете емоциите, бидејќи тоа ќе биде тешко.Откако на 9 јуни Венера, планетата на љубовта и убавината ќе се пресели во вашата 3-та куќа на пријателите и кокетирањето, вие ќе бидете порелаксирани во љубовта. Ќе забележите дека повеќе не „бегате“ од додворувачите од страв да не ве повредат и дека полесно од вообичаено подавате рака за запознавање. Можно е да бидете освоени од личност со необичен карактер која во минатото сте ја одбивале. Некои овни пак, ќе се затрескаат во пријател од детството.Ако сте во врска, во јуни е препорачливо да ги зачестите заедничките вечерни излегувања со партнерот. Покажете им на сите како треба да изгледа еден пар, бидејќи навистина ќе бидете за пример.Сè уште ве боли стара рана? На 21 јуни започнува период во кој треба да се справите со сите нерешени прашања, да се соочите со сенките од минатото и да започнете да ги контролирате чувствата кои ве прават несреќни. Ретроградното движење на Нептун, планетата на илузиите, ќе ве потсети дека не е сè онака како што навидум изгледа и ќе ве направи попретпазливи.Ви доаѓа да извикате „Те сакам“ пред оној што ви се допаѓа? Сакате да споделите тајна со партнерот? Кажете го она што ви лежи на срце во последните четири дена од јуни, кога комуникативниот Меркур ќе патува во вашата 5-та куќа на страста и романсата. За време на вечерните излегувања, стремете се кон елегантен и посериозен изглед, бидејќи тој ќе ви ја зголемува самодовербата.Периодот по 27 јуни е идеален за разговори за правење бебе или за консултации поврзани со плодноста.

Работа и пари

Во првите три недели од јуни Сонцето ќе патува во вашата 3-та куќа на идеите и комуникацијата, што значи дека секогаш ќе ги имате вистинските зборови во вистинското време.

 Здравје

Можеби подобро ќе се чувствувате ако тренирате дома? Овој месец енергичниот Марс ќе патува во вашата 4-та куќа на домот и семејството, поттикнувајќи ве да поминувате што повеќе време под вашиот покрив. Екстремно важно е да го негувате вашето тело и да си ја давате грижата што ја заслужувате.Поврзете се со истомисленици кои ќе ви бидат поддршка доколку одлучите да го менувате вашиот начин на живот.

ПРОДОЛЖУВА НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.