Кијану Ривс како лик од цртаните на Дизни: Фановите се воодушевени! (ФОТО)
Кијану стана интернет-икона!
Откако Кијану ја прифати улогата на Џон Вик, ги освои срцата на многумина и целиот виртуелен свет е опседнат со него
Уметницата Кристал Ро ја следат повеќе од 16.000 луѓе на Инстаграм, а таа својот восхит кон актерот ја покажала на неверојатен начин.
Имено, таа изработила цртежи со познатиот актер преку ликовите од цртаните филмови на Дизни.
Ликот на Ривс заблескал и ги заменил принцот на Пепелашка, принцот Ерик од „Малата сирена“, Аладин и сите останати принцови од цртаните на Дизни.
https://www.instagram.com/p/By6gNULAW9C/?utm_source=ig_embed
Ро изјавила дека Кијану одлично би се снашол во овие улоги, а исто така смета дека и сам би ја нашол Пепелашка за да и’ го врати чевелот и сам би ги победил сите лоши змејови…
ФОТО: Getty Images, Instagram