ЖИВОТ НА РАТИ … или манифест на ШОПИНГХОЛИЗМОТ: Како да препознаете шопингхоличар?

Колумна

Кога шопингхоличарот ќе се соочи со последиците од неразумното трошење, чувствува вина, што создава нова анксиозност, па така влегува во маѓепсан круг .

Дефиницијата вели дека станува збор за лица што имаат нескротлив импулс за купување непотребни работи, поради што често влегуваат во долгови и тешко можат да излезат сами од таквата ситуација. Се работи за зависничко однесување, кое доведува до тоа купувањето да стане главна преокупација и таквиот порив сè потешко може да се контролира.

А тоа за крајна последица може да доведе до манифестирање јасни знаци на апстиненцијална криза – немир, напнатост, потење…

На шопингхоличарите, според експертите, не им се толку многу важни работите што ги купуваат, бидејќи се случува воопшто и да не ги користат и да не уживаат во нив (во тој случај можеби јас и не сум длабоко навлезена во зависноста затоа што ги обожавам парчињата што ги купувам), затоа што се насочени кон самиот чин на купување, ослободувајќи се на тој начин од чувството на немир и напнатост.

Во тој случај шопингот претставува бегство од незадоволството, фрустрациите и од внатрешната празнина. Таквите личности главно се депресивни и страдаат од недостиг од самодоверба, па иако се свесни за непримерноста на своите постапки, тешко му се спротивставуваат на таквото однесување.

Покрај сето тоа, смирувањето што го овозможува шопингот е само привремено, а кога шопингхоличарот ќе се соочи со последиците од непримерното однесување, чувствува вина, која создава нова анксиозност, па на тој начин запаѓа во маѓепсан круг.

ЗАМЕНА ЗА ШОПИНГ

Невробиолозите велат дека во мозокот на шопингхоличарите е забележана нерамнотежа меѓу серотонинот и допаминот, кои ги регулираат чувствата и нагоните.

Шопингхоличарите често се осамени, незрели и социјално неприспособени личности, кои се воедно и нонстоп изложени на стрес. Факт е дека преку шопингот накратко се оддалечуваат од незадоволството и од фрустрациите од секојдневјето, па на тој начин си се наградуваат за сите жртви што го поднесуваат. Но како што може да се дефинира, овој проблем може и да се реши.

Се разбира, прво треба да се освестиме, а потоа да се фатиме во клинч со лекувањето. Се препорачува да се купува плански, значи со список на најважните работи и со претходен точен увид во состојбата на сметката во банката. Не е лошо да се плаќа во кеш, затоа што на тој начин се стекнува чувство за вредноста на парите.

На крајот, најдобро е да се смислат алтернативни начини за излез од стресното секојдневје. Помагаат слушање музика, читање книги, престој во природа…

РЕШАВАЊЕ НА МОЈОТ СЛУЧАЈ

И така, јас веќе некое време се одвикнувам од шопинг. Слушам музика, настојувам да не размислувам на новите колекции, на сезонските попусти и веќе неколку недели се среќавам со другарките во домашна атмосфера. И да ви кажам право – баш ни е супер! Се смееме повеќе и погласно, без оној константен страв „леле, што ако ми се продаде“.

И многу сум горда на нас – што даваме сè од себе веќе да не бидеме глупави кога ќе се обидеме да се сетиме на себе, туку во секој миг да знаеме кои сме и што сме. И не, ние не сме шопингхоличарки, ние сме зависници од среќа, смеење, можеби малку и од работа, но, пред сè, од најубавите можни емоции.

СЛАВНИ ШОПИНГХОЛИЧАРКИ

На Интернет можете да најдете голем број исповеди на шопингхоличари. И сите личат една на друга. На пример, мене ми го привлече вниманието исповедта на една девојка што сфатила дека има толку многу гардероба што цела година не треба да купи нешто ново. А еве што велат некои од познатите славни зависнички од купување.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.