Се верува дека овие навики привлекуваат беда и сиромаштија во домот: Речиси секоја македонска куќа секојдневно ги практикува

Добро е да знаете

Многумина не знаат кои навики, според фенг шуи, привлекуваат беда во домот, а секојдневно ги практикуваат

Фенг шуи е стара кинеска вештина која создава хармонија меѓу поединецот и неговото опкружувања. Претставува древна техника на уредување на животниот простор, што го застапува ставот дека многу е важно каква енергија кружи во домот. Се верува дека атмосферата во домот треба да биде силна и позитивна.

Според фенг шуи, се верува дека одредени предмети во домот можат да привлечат несреќа и беда, а истото важи и за одредени положби на работите во домот.

1. Валкана гардероба во аголот на собата

Ова е првото нешто што го забележуваат фенг шуи експертите во домот. Треба да знаете дека на тоа место се одлива позитивната енергија од домот. Во секое семејство треба да постои простор каде што ќе стои гардеробата за перење.

2. Чевли пред вратата

Без разлика дали се наредени пред влезната или која било друга врата, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани.

3. Купишта стари документи и книги

Доколку ги собирате, чувајте ги на полици. Расфрлани низ просторот, овие предмети носат лоша енергија.

4. Скршени садови

Скршените садови носат лоша енергија секогаш кога ги користите, тврдат фенг шуи експертите. Користењето вакви садови може да влијае врз кариерата и финансиите.

5. Празни тегли сол, шеќер и ориз

На сите ни се случува да ни се потрошат резервите од најнеопходните намирници, но никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер, да бидат потполно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат врз среќата и хармонијата во семејството.

6. Место за седење или спиење под греда

Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи што често може да се види во домовите. Меѓутоа, доколку го поставите креветот под овој детаљ, треба да знаете дека така отровните стрели на негативната енергија се насочени кон вас, објаснуваат фенг шуи експертите.

7. Мали порции ориз во чинијата

Кога ги послужувате гостите или домашните со јадење, погрижете се секој член да има повеќе од доволно храна. Ова правило најмногу важи за оризот. Според правилата на фенг шуи, недостигот на ориз во чинијата значи и недостиг на благосостојба.

Фенг шуи: Четири работи што не ги сакаме во нашиот дом!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.