Поради амбициозноста ја опишувале како „маж во сукња“: Еве како изгледала ќерката на Сулејман Величествениот и Хурем

Погледнете!

Сулејман Величествениот и Хурем имале ќерка Михримах, а еве како таа изгледала

Султанката Хурем му била омилена жена на османлискиот султан Сулејман Величествениот и негова венчана сопруга. Таа била и мајка на шест негови деца: Султан Селим Втори, наследникот на Сулејман Први, принцовите Мехмет, Бајазит, Мустафа и Џихангир, како и ќерката Михримах.

Токму русокосото девојче Михримах му била миленичка на султанот Сулејман, а била родена во 1522 година во Истанбул.

Нејзиното име во превод од персиски значи „сонце и месечина“. Легендите велат дека името ѝ го дала нејзината баба Ајше Хафса, која на тој ден го видела помрачувањето на сонцето.

Нејзините современици тврделе дека остриот ум го наследила од мајка ѝ, а надворешниот изглед од татко ѝ. Исто така, никој од нив не тврдел дека е убава, туку повеќе амбициозна и доминантна, нешто како „маж во сукња“.

Според тврдењата на историчарот Мустафа Селиникиј од 16. век, таа била убедливо најпочитуваната жена од тој период. Сепак, тоа не ја спасило од брак од интерес во 1939 година, кога татко ѝ Сулејман ја омажил за Рустем-паша.

Тој бил многу постар, но амбициозен човек, кој со молскавична брзина се качувал на скалата на успехот и во наредните години станал и голем везир. До неговата смрт во 1561 година, двојката добила најмалку две деца, за чија судбина не се знае многу.

Нема докази дека Михримах со својата мајка била вмешана во убиството на својот полубрат и законски идниот османлиски султан Мустафа, иако многумина верувале дека таа сепак неуморно работела на тоа нејзиниот брат да го преземе престолот, со помош на сопругот и мајка ѝ.

Која и да е вистината, многумина не ѝ го зеле тоа за зло, бидејќи да не го наредел султанот Сулејман погубувањето на Мустафа во 1553 година, сите нејзини браќа најверојатно би биле погубени по неговото стапување на престолот.

По смртта на мајка ѝ во 1558 година, таа ја презела улогата на советник на Сулејман и негова личност од доверба. Набрзо почнала да извршува одредени државни должности и да го менува кога бил отсутен.

А кога три години по смртта на мајка ѝ, починал и нејзиниот сопруг, таа понудила да се омажи за новиот голем везир Семиз Али-паша, што тој го одбил. Тоа било моментот кога таа одлучила дека нема повеќе да се мажи, па се вратила во кралската палата.

Со текот на времето нејзиното влијание растело, додека Сулејман го ценел нејзиното мислење повеќе од мислењето на останатите. Најверојатно токму таа ја поддржала одлуката на татко ѝ да покрене кампања во Унгарија во 1566 година, кога тој и умира.

А кога на тронот дошол султанот и нејзиниот брат Селим Втори, тој продолжил да бара совети и да ги почитува одлуките на неговата сестра, иако принцезата решила од тој момент да се пресели во Стариот двор и да го продолжи својот живот во мир.

Починала во 1578 година, надживувајќи ги своите браќа и сестри. И повторно, Михримах добила таква почит каква што не добило ниту едно друго дете на Сулејман Величествениот – таа е единствената што е погребана покрај него, во џамијата на Сулејман.

Тој бил најмоќниот владетел со турското царство: Имал 4 жени, а еве како навистина изгледал Сулејман Величествениот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.