20 правила на воспитување на големиот педагог Марија Монтесори: Еве како да воспитате најдобро и најпаметно дете на светот

Прочитајте!

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да воспита најдобро дете на светот, со помош на само 20 правила

Воспитувањето дете е многу чувствителна тема, а неспорно е дека треба многу да се работи на едукацијата на децата и на родителите. Развојот на технологијата значително придонесе за разни промени во општеството, а со самото тоа се смени и пристапот на родителот кон детето.

Марија Монтесори била голем педагог и многу помогнала за да се промени ставот кон воспитувањето на децата во 20. век. Позната е по тоа што формулирала кратки, но впечатливи заповеди за родителите.

Се отвораат сѐ повеќе школи и градинки во светот според нејзините принципи. Она што го советува Монтесори, родителите го прифаќаат како правило број еден:

1. Децата учат од она што ги опкружува.

2. Ако често го критикуваме детето, тоа учи како да ги осудува другите.

3. Ако често го фалиме детето, тоа учи како да ги цени другите.

4. Ако покажуваме непријателство кон детето, тоа ќе научи да се тепа.

5. Ако сте искрени со детето, тоа ќе научи што значи праведност.

6. Ако често го исмејувате детето, тоа ќе стане срамежливо.

7. Ако детето се чувствува сигурно, ќе научи да им верува на луѓето.

8. Ако премногу често му велите „срам те било“ на детето, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.

9. Ако често го охрабрувате детето, тоа ќе има голема самодоверба.

10. Ако му дадете поддршка на детето, тоа ќе биде самоуверено.

11. Ако детето живее во пријателско опкружување и чувствува дека им треба на другите, ќе научи да најде љубов.

12. Никогаш немојте да зборувате лошо за детето, било тоа во или надвор од негово присуство.

13. Концентрирајте се на тоа да го развивате доброто во вашето дете. Така нема да има место за лошото.

14. Секогаш сослушувајте ги и одговарајте на детските прашања или молби, кога детето ќе ви се обрати.

15. Почитувајте го детето дури и кога ќе направи грешка. Така многу брзо ќе може да ја поправи својата грешка.

16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето кога му треба помош и да се повлечете на страна кога ќе видите дека се снаоѓа.

17. Помогнете му на детето рано да преземе контрола врз работите. Тоа ќе го направите така што ќе се погрижите светот околу него да биде исполнет со позитивност, мир и љубов.

18. Секогаш однесувајте се убаво пред детето. Покажете му како да стане најдобриот човек што може да биде.

19. Почитувајте го детето кога одмора, ги набљудува активностите на другите деца или размислува за нешто што направило. Немојте да му се обраќате, ниту да го принудувате на друг вид активност.

20. Во центарот на воспитувањето треба да биде самиот човек. Секогаш треба да се има тоа на ум, дека човекот не се развива на факултет, туку дека неговиот духовен развој почнува штом се роди и дека тој е најсилен во првите три години од животот.

Еве зошто данските деца брзо стануваат способни за живот: Ги почитуваат родителите, а методот на воспитување е многу едноставен
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.