Најдобар рецепт за посен колач за претстојните слави: Вкусен, мек и им успева на сите
Пробајте го!
Божиќниот пост почна од 28 ноември и ќе трае до 7 јануари 2023 година.
Дојде време на славите, а со божиќните постови се менува и начинот на подготовка на истите. Главното обележје на секоја слава е колачот, а овој рецепт ги воодушевува сите домаќинки.
Овој колач им успева на сите, а ќе биде мек и вкусен, така што веруваме дека ќе бидат воодушевени сите домашни и присутни гости.
Состојки:
1 кг брашно
450 мл кисела вода
1 свеж квасец
100 мл масло
4 лажици шеќер
2 лажици сол
Приготвување:
Соединете ги сите состојки, додавајќи ги постепено, додека тестото стане мазно, а потоа оставете го да нарасне. Премачкајте ја тавата со масло, потоа ставете малку брашно во тенок слој (поубаво е да биде тркалезна тавата). Нараснатото тесто преместете го над брашното, па оставете го на страна. Погачата оставете да нарасне уште еден час, а потоа испечете ја во загреана рерна на 200 С.
Коментарите се заклучени.