Ја паметиме по жешките сцени во култниот филм „Флешденс“: Нема да ви се верува како изгледа танчарката 40 години подоцна!

Остана запаметена по таа улога

Многумина се прашуваат како денес изгледа Џенифер Билс, а кога ќе ги видите фотографиите, нема да ви се верува дека тоа е навистина таа!

Американската актерка Џенифер Билс ја паметиме по улогата на секси танчарка во култниот филм „Флешденс“. А како изгледа актерската ѕвезда 40 години подоцна е просто неверојатно! Не само што ја задржала витата става, туку и плени со убавина и сексапил, како да е на почеток од својата кариера.

Сцените од жешкиот танц на прекрасната Џенифер, која го освои филмскиот свет во 1983 година, до денес важат за едни од најсексапилните сцени некогаш снимени. Таа оставила толку силен впечаток во безвременската улога на девојка која работата во железарница прекуноќ ја заменува со танц на сцена, што никогаш не успеала да се надмине себеси и да оствари успех што ќе го засени оној од пред речиси четири децении, иако и понатаму активно снима и работи.

Покрај со младешки изглед, Џенифер може да се пофали и со става како во култниот филм, иако е мајка на три деца. А познато е дека витоста во шестата деценија ја одржува со редовни тренинзи по бокс, кунг фу и триатлон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Beals (@thejenniferbeals)

Првпат се венчала во 1986 година со Александар Роквел, со кого добила две деца. Меѓутоа, нивната љубов доживеала крај, па се развеле една деценија подоцна. Две години по разводот повторно му го кажала судбоносното „да“ на канадскиот бизнисмен Кен Диксон, со кого во 2005 година добила и ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Beals (@thejenniferbeals)

Сè уште не паднала во заборав, а доказ за тоа се огромниот број на следбеници на Инстаграм, каде што има заедница од половина милион луѓе со кои споделува разни детали од приватниот живот, но и се присетува на интересни моменти од минатото. Па така, неодамна се збогувала од кантавторката Ирене Кара, која го отпеала сега веќе евегринот од „Флешденс“, What A Feeling.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Beals (@thejenniferbeals)

„Ти благодарам Ирене за твоето отворено срце и за бестрашниот трократен талент. Само прекрасни сонувачи можат да напишат и да изведат песна за оние што се осмелуваат да сонуваат“, напишала актерката под својата стара фотографија со Ирене, која ненадејно починала на 63 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Beals (@thejenniferbeals)

„Имам спиено со 200 мажи поради таа улога“: Му беше сон на секој тинејџер, денес има 60 години, а нема остарено ни ден!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.