Толку едноставна, а толку моќна – му ласка на женското тело и едноставно маѓепсува!
Во саботата, Сент Тропе, ексклузивното летувалиште, беше окупирано од претставниците на светскиот „крем“ и некои од најбогатите и најпознатите луѓе во светот, како Илон Маск, Паф Деди и Емили Ратајковски.
View this post on Instagram
Познатите се собраа на свадбата на милијардерот и агент Ари Емануел (61) и дизајнерката Сара Стаудингер (32).
Прославата на оваа луксузна венчавка започна во четвртокот, кога гостите уживаа на приватна вечера во моден ресторан, а го имаа и пропишаниот дрес код – нивната облека требаше да биде инспирирана од 90-тите.
Но, во саботата следеше вистинска забава, а младенците ги разменија брачни завети во прескапи, но едноставни модни изданија. Емануел, инаку 29 години постар од својата новопечена сопруга, избра совршено скроен тегет костум и бела кошула, без вратоврска или папилон околу вратот.
Сара, пак, блесна во неверојатна венчаница, која нè воодушеви со својата едноставност, но и со елеганцијата и неверојатниот ефект што го остава. Познатата дизајнерка инсистираше на минимализам, па изданието го комплетира само со дискретни обетки, а дури и шминката и фризурата ѝ беа минималистички.
Нам ни се допадна ова софистицирано, свадбено издание, а што велите вие?