Шапки со пердуви, предимензионирани круни, Сатурновиот прстен: Кич од кој ќе ви се слоши! (ФОТО)
Дали се согласувате?
Оваа година тема на Мет-гала беше Gilded Glamour или „златен гламур“, а гостите многу се потрудија да го испочитуваат зададениот дрес-код. А оние кои не можеа да се одлучат за фризурата, се одлучија за екстравагантни детали за главата.
Немате идеја за фризура по која сите ќе се вртат? Нема проблем. Тука се дијадеми, капчиња со мрежичка, предимензионирани венчиња, турбани со светки, пеперутки во косата, но и нешто како прстенот на Сатурн.
Да, добро прочитавте, сето ова беше на главите на холивудските убавици на црвениот килим на најочекуваниот моден настан во Њујорк – Мет-гала.
Фото: Профимедија