ВЕЛИЧЕСТВЕН ФУСТАН кој се ТРАНСФОРМИРА на црвениот килим: За овој МОМЕНТ зборуваат сите! (ВИДЕО)

Восхитувачки, нели?

Сите „зујат“ за фантастичниот фустан на Блејк Лајвли на вчерашната церемонија во музејот Метрополитен во Њујорк. А како да не зујат кога актерката појавувајќи се на свечениот настан ги фрли сите други гости во втор план.

За нејзината креација беше задолжена италијанската модна куќа „Версаче“, а фустанот е инспириран од Статуата на слободата и, всушност, има две лица.

Кога Блејк стапна на црвениот тепих, прво ја видовме бронзената страна на фустанот со театрална наметка, а потоа со мала помош од присутните асистенти, кои го одвиткаа остатокот од наметката, фустанот се трансформира и го покажа своето тиркизно лице.


Имено, генијалните дизајнери на модната куќа Версаче преку трансформација на фустанот сакале да ја евоцираат трансформација на Статуата на слободата.

Кога статуата била поставена во Њујорк во 1886 година, била бронзена бидејќи била направена од бакар. Поради оксидацијата на бакарот, ја променила бојата, па до 1920 година добила целосно тиркизна боја.

Видео: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.