За успешни дами: Блескајте како СОНЦЕТО, грижете се за ВАШАТА КОСА

За да ја зголемите вашата самодоверба!

Како што старееме, со текот на годините, нашиот изглед се менува. Но таа промена не секогаш мора да биде на лошо! Негата на кожата против стареење стана секојдневна рутина за повеќето жени.

Време е да се додаде и негата против стареење на косата и скалпот – за силна, густа коса со здрав изглед! Исто како кожата, стареат и косата и скалпот.

Швајцарскиот дерматолог проф. д-р мед. Северин Лаучли (Дермацентар, Цирих) објаснува:

Трите главни аспекти на стареењето на косата се: проретчена коса, намален квалитет на косата и промена на  бојатa на косата (побелување).“

Истенчувањето, губењето на волуменот, намалената густина на косата и намалениот квалитет на косата се споредливи со процесот на стареење на кожата, а се поврзани и со намалена еластичност и хидратација.

Густината на влакното (фоликулот) и дијаметарот на влакното својот максимум го достигнуваат околу 30-та година од животот.

Знаците на стареење на косата стануваат видливи околу 40-та година. Тогаш би била вистинската возраст за да се започне со подобра грижа за скалпот, да се храни и заштити кожата под косата“, препорачува д-р Лаучли.

 

Силни фоликули и здрав скалп: корените и подлогата на вашата коса треба да цветаат!

Како што старееме, нашите клетки стануваат помалку отпорни на клеточни оштетувања и повреди, како оксидативен стрес и оштетување на ДНК. Многу надворешни фактори, како што се УВ зрачењето и загадувањето, не можат целосно да се избегнат, но со користење на соодветна заштита, одбранбените ефекти може да се подобрат.

Матичните (стем) клетки во фоликулите се развиваат во нешто прекрасно и посебно – влакно. Ова е биолошко чудо што се случува во текот на целиот наш живот и се повторува неколку пати. Последователно, овој процес е многу подложен на надворешни стресни фактори, како што се слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето или загадувањето“, објаснува д-р Лаучли.

Овие слободни радикали можат трајно да го оштетат фоликулот. Понатаму, УВ-зрачењето директно ги оштетува протеините во самата коса, што доведува до дополнително намалување на дијаметарот на влакното и до кршливост на косата.

Исто како што цветовите може да процветаат само од здрави корени, кои растат од здрава почва, така и убавата коса може да се одгледува само со здрави фоликули во здрава кожа на главата. Заштитата на фоликулите од оксидативен стрес е од најголема важност во целокупната нега на косата против стареење.

Проф. д-р мед. Северин Лаучли

Д-р Лаучли потенцира:

„За да биде повеќе јасно, ефикасната УВ-заштита е задолжителна за секоја прошетка што ја уживаме на сонце.“

Негата и хидратација на скалпот и фоликулите, заедно со антивоспалителните агенси,  даваат поддршка на природната липидна и микробиомска рамнотежа, која е потребна за здрав скалп.

Грижата за вашата коса значи грижа за себе

Стареењето на косата во голема мера влијае на нашиот изглед, а со тоа и на нашата самодоверба, самосвест, дури и на нашиот идентитет. Погледнете подетално – како стареењето на косата би влијаело на вашата психолошка благосостојба?

Д-р Лаучли ги споделува своите искуства:

Тенката коса е огромен проблем за моите пациенти. Повеќето од нив на прво место размислуваат на одредена болест или хормонален дисбаланс, а не за процесот на стареење. Не се свесни за стареењето на косата како проблем и последователно на тоа не се свесни за третманот против стареење на скалпот и косата како соодветно решение.

Косата е многу важна за самодовербата, за чувството да се биде динамичен и млад. Затоа што е навистина возможно да направиш нешто, затоа и треба да го направиш! Мора да ја подигнеме свеста дека тенка коса не е неизбежна судбина.“

Кратко кажано, она што делува во негата на кожа против стареење, е исто така успешно во негата против стареење на косата: заштитата од УВ и вистинската хидратација, се клучни фактори за успешна нега на коса и скалп, како и за заштита  од антиоксидативни и антиинфламаторни агенси. За да се обезбедат најдобри резултати, треба да се користат производи за соодветната намена.

Шампон и флуид против стареење на косата Revalid Swiss Hair Care

Истите треба да се  користат правилно, на пример, со следење на периодот на употреба на шампоните или препорачаните дози за течности кои не се измиваат. Последно, но не и најмалку важно, не е доволно  производите да се користат само еднаш. Како и кај негата на кожата, дневната рутина е клучна во третманот против стареење на коса“, заклучува тој.

Наш предлог: шампон и флуид против стареење на косата Revalid Swiss Hair Care

Шампонот го заштитува скалпот од предвремено стареење,  го забавува процесот на побелување, го зголемува волуменот и дебелината на влакното, ја заштитува бојата на косата.

Активните состојки имаат антиоксидативна активност и го заштитуваат скалпот од слободните радикали и надворешните штетни влијанија.

Revalid® Anti-Aging шампонот претставува оптимална подготовка на скалпот за отпочнување на третманот со Revalid® Anti-Aging флуидот.

Благодарение на активните состојки и нивното антиоксидативно, антивоспалително и заштитно дејство врз ДНК, флуидот: го заштитува скалпот од предвремено стареење, го намалува оксидативниот стрес во фоликулот на влакното, го забавува процесот на побелување на косата, го зголемува волуменот и дебелината на влакното, ги заштитува косата и скалпот од штетното УВ-зрачење и загадување, ја штити бојата на косата.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.