Витана – новиот македонски бренд за здрава храна!

Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор!

Производите на ВИТАНА се внимателно одбрани, висококвалитетни и произведени од реномирани одгледувачи од локалната заедница и целиот свет.

Нашата цел е да понудиме природна, органска и нутритивна храна наменета за сите оние што сакаат да инвестираат во зачувувањето на своето најголемо богатство – здравјето.

Како сертифицирана компанија за органска храна на МК и ЕУ-пазарот, станавме дел од глобална мрежа на компании кои ги нудат своите производи под брендот органско.

Активно работиме на проширување на нашето портфолио и на наше огромно задоволство бројот на здрави, органски и нутритивни производи во нашата палета секојдневно се зголемува, а со тоа и бројот на задоволни конзумери и купувачи постојано се надоградува .

Водени од потребата и можностите за различен асортиман спрема преференциите и желбите на потрошувачите, производите се поделени во неколку категории: органски, без ГМО, без глутен и вегански производи.

Каде можете да ги најдете производите на ВИТАНА?

 Сите производи на брендот ВИТАНА се достапни во:

1. Витана официјална е-продавница www.vitana.mk ; (со достава до адреса)

 2.Витана специјализирана продавница во East Gate Mall, 1 кат (до делот за храна).

Дел од производите се достапни во сите ДМ дрогерии, ВЕРО маркети и подобро снабдени локални продавници за здрава храна.

Постојано се консултираме со експерти во областа на исхраната и се едуцираме со цел на потрошувачите да им ги пренесеме најновите трендови, информации и совети во делот на здравата храна.

Храната има клучна улога во нашето секојдневие. Таа е фактор за придвижување на човековата енергија и правилното функционирање на организмот на човекот. Днамичниот начин на живот, воедно и периодот со пандемијата, придонесоа различните генерации да се ориентираат што повеќе кон здрав начин на исхрана.

Производите се достапни на нашата веб страна www.vitana.mk, и официјалните „Фејсбук“ (VITANA)  и „Инстаграм“ (VITANA_HEALTHYFOOD) профили на компанијата.

Внесете здрави производи во вашето секојдневие, променете ја исхраната и зајакнете го имунитетот!

Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор!

Изберете здрава храна, изберете ВИТАНА!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.