Витана – новиот македонски бренд за здрава храна!
Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор!
Производите на ВИТАНА се внимателно одбрани, висококвалитетни и произведени од реномирани одгледувачи од локалната заедница и целиот свет.
Нашата цел е да понудиме природна, органска и нутритивна храна наменета за сите оние што сакаат да инвестираат во зачувувањето на своето најголемо богатство – здравјето.
Како сертифицирана компанија за органска храна на МК и ЕУ-пазарот, станавме дел од глобална мрежа на компании кои ги нудат своите производи под брендот органско.
Активно работиме на проширување на нашето портфолио и на наше огромно задоволство бројот на здрави, органски и нутритивни производи во нашата палета секојдневно се зголемува, а со тоа и бројот на задоволни конзумери и купувачи постојано се надоградува .
Водени од потребата и можностите за различен асортиман спрема преференциите и желбите на потрошувачите, производите се поделени во неколку категории: органски, без ГМО, без глутен и вегански производи.
Каде можете да ги најдете производите на ВИТАНА?
Сите производи на брендот ВИТАНА се достапни во:
1. Витана официјална е-продавница www.vitana.mk ; (со достава до адреса)
2.Витана специјализирана продавница во East Gate Mall, 1 кат (до делот за храна).
Дел од производите се достапни во сите ДМ дрогерии, ВЕРО маркети и подобро снабдени локални продавници за здрава храна.
Постојано се консултираме со експерти во областа на исхраната и се едуцираме со цел на потрошувачите да им ги пренесеме најновите трендови, информации и совети во делот на здравата храна.
Храната има клучна улога во нашето секојдневие. Таа е фактор за придвижување на човековата енергија и правилното функционирање на организмот на човекот. Днамичниот начин на живот, воедно и периодот со пандемијата, придонесоа различните генерации да се ориентираат што повеќе кон здрав начин на исхрана.
Производите се достапни на нашата веб страна www.vitana.mk, и официјалните „Фејсбук“ (VITANA) и „Инстаграм“ (VITANA_HEALTHYFOOD) профили на компанијата.
Внесете здрави производи во вашето секојдневие, променете ја исхраната и зајакнете го имунитетот!
Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор!
Изберете здрава храна, изберете ВИТАНА!