Ако ве снајде зло вас и вашето семејство: Најкратката молитва на светот што поместува планини!

Само треба искрено да верувате

Кога молитвата ќе ја прочисти сета негативна енергија што се насобрала кај вас, ќе исчезнат и причините поради кои мислите дека некој ве урочил или проколнал

Кога во животот им се случуваат лоши работи и никако да им тргне на подобро, луѓето веруваат дека некој им фрлил клетва или ги урочил.

Постојат и многу методи на отстранување на тие уроци и клетви, за што многумина им се обраќаат на измамници и бајачки, кои ќе го направат тоа за 10 евра, но всушност ништо не може да ви помогне да се заштитите од негативните работи повеќе од искрена молитва.

Верниците знаат дека одењето кај пророчици е еден од најголемите гревови. Ако сте дел од нив, игнорирајте ги бапските приказни и помолете се кога ќе почувствувате потреба за тоа.

„Господе Исус Христос, син Божји, помилувај ме мене грешниот“ – се зборовите на Исусовата молитва.

Ова е најкратката молитва што постои, но монасите и свештените лица тврдат дека е толку моќна што со искрена верба може да помести и планини!

Обратете му се искрено на Бог и тој сигурно ќе ве чуе. Ако се прашувате кога треба да се молите за подобрување, не постои прецизно одредено време. Направете го тоа кога најмногу ви одговара, а особено кога ќе почувствувате дека ви треба молитва.

Пробајте и ќе видите – ќе добиете нова енергија, волја, ќе бидете поспокојни, а и проблемите полека, но сигурно, ќе почнат да се решаваат.

Кога молитвата ќе го прочисти сето тоа негативно што се насобрало кај вас, ќе исчезнат и причините поради кои мислите дека некој ве урочил или проколнал.

Ако на сон ви дојде Света Петка, еве што значи тоа: Се појавува само од две причини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.