Султанските обланди се чист хедонизам: Колач што се топи во уста!

Неодоливо вкусни

Се приготвуваат брзо и лесно, а вкусот на карамела помеѓу две крцкави обланди е комбинација од соништата

Состојки:
  • 2 листа голема обланда
  • 300 + 200 г шеќер
  • 250 г маргарин или путер
  • 3 цели јајца
  • 200 г суво грозје
  • 200 г блендирани или сечкани ореви
  • 300 г мелен бисквит
  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици масло
Приготвување:

Во поголемо тенџере ставете 300 г шеќер, па загревајте го на тивок оган за да се стопи.

Додека чекате, изматете ги јајцата со преостанатиот шеќер. Иситнете го малку путерот или маргаринот.

Кога ќе се стопи шеќерот, додајте путер и мешајте додека се соедини. Путерот ќе се одвојува од шеќерот, па постепено ќе се топи. Сето ова трае околу 5 минути. Потоа полека сипете ја смесата од јајца и мешајте.

Загревајте околу 10 минути додека повторно зоврие, постојано на средна температура, и додека добие убава боја на карамела. Потоа, тргнете ја смесата од оган, па додајте ореви, суво грозје и бисквити и измешајте.

Оставете ја 15 минути да се олади. Не ја премачкувајте обландата додека смесата е врела, за да не се попари. Потоа, нанесете ја целата смеса на обландата и убаво размачкајте ја.

Поклопете со рапавата страна на другата обланда и притиснете со нешто за убаво да се залепи.

Оставете ја да се олади и да се стегне, па нанесете глазура од 100 г чоколадо што сте го стопиле на тивок оган со 3 лажици масло.

Штом чоколадото се стегне, можете да ја пресечете обландата на парчиња и да ја послужите.

Повкусен десерт не сте пробале: Овие карамел-обланди се топат во уста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.