Повкусен десерт не сте пробале: Овие карамел-обланди се топат во уста!

Десерти

Обланди приготвени со посебен шмек

Состојки:
  • 350 г шеќер
  • 500 мл млеко
  • 100 г бело чоколадо
  • 200 г путер
  • 250 г мелени печени лешници
  • 350 г мелени бисквити
  • 7 розен-кори

За глазурата:

  • 100 г бело чоколадо
  • 2 лажици масло

Приготвување:

1. Шеќерот се става во тенџере и се загрева на умерена температура, додека се карамелизира.

2. Во него се додава топло млеко (карамелата ќе се стврдне) и понатаму се вари, со повремено мешање, додека се растопи карамелата.

3. Приготвената смеса се трга од шпоретот, па се додаваат искршеното чоколадо и коцките путер, па се меша додека се растопат.

4. На крајот се додаваат мелените бисквити и лешниците и добро се меша, за да се добие воедначена смеса.

5. На чинија за колач се става розен-кора и се премачкува со три лажици од филот. Се рамни со шпатула и се прекрива со друга кора. Истата постапка на полнење се повторува додека се потроши материјалот, се завршува со розен-кора.

6. Полнетиот колач се притиска со потежок предмет и се остава да се зацврсти.

7. За приготвување на глазурата, белото чоколадо се топи со малку масло, па се прелева преку колачот и се остава на ладно, да се зацврсти глазурата. Колачот се сече на плочки.

Извор: Добра храна

Највкусниот десерт: Ролат во обланди
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.