„Целиот свет ме осудува поради овие слики, но тие не знаат колку пари се тоа“: Ќерка ѝ (3) веќе заработила за цела куќа!

Дали и вие би го „продале“ своето дете?

Инфлуенсерството стана најисплатливото занимање на денешницата, но децата-инфлуенсери, особено нивните родители, и понатаму се соочуваат со остри осуди и критики дека ги злоупотребуваат своите деца заради заработка

Оваа мајка вели дека својата ќерка ја вовела во светот на инфлуенсерките кога имала шест месеци.

Елси Приор од Беркшир има три години и мајка ѝ Софи Хау (28) со гордост истакнува дека е меѓу најмладите, но и најуспешни модни инфлуенсерки.

„Благодарение на нејзината кариера, таа веќе има заработено доволно за депозит за куќа“, вели Софи.

Елси веќе соработува со бројни брендови за нивните кампањи за детска облека.

„Нејзиниот плакар вреди околу 2.000 фунти, што е многу кога ќе земете предвид дека таа сепак има само три години“, вели Софи.

„Луѓето ме осудуваат што заработувам на неа, но поголемиот дел од парите ги ставам на посебна сметка и таа ќе ги добие парите кога ќе порасне.“


Софи вели дека Елси уште како бебе била прекрасна, па посакала со сите да ги сподели нејзините слики. Така таа практично веднаш по раѓањето ѝ отворила инстаграм-профил.

„Како што растеше, почна да добива сѐ поегзотичен изглед и сѐ повеќе луѓе ја следеа. Сѐ повеќе луѓе прашуваа и од каде ѝ ја купуваме облеката. Со текот на времето, почнавме да соработуваме и со брендови“, вели таа.

„Многумина ме осудуваат, но мислам дека моделството е регуларна работа што многу се исплати. Вака ѝ ја обезбедуваме иднината. Ни нам не ни е лесно – постојано сме на пат, постојано ја водиме на снимања и мора да се грижиме да биде добро расположена и подготвена за соработка“, заклучува.

Кога имаше 5 години, го маѓепса светот со својата нереална убавина: Како изгледа денес најубавата Нигеријка со сини очи?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.