Психолозите предупредуваат: Детето никако не смее да ги слушне овие 4 реченици од ваша уста!

Родителство

Добро размислете пред да го искритикувате детето, бидејќи некои зборови можат да остават сериозни последици врз неговата самодоверба

Зборовите можат да повредат најмногу од сѐ, а особено можат да бидат лошо протолкувани доколку се упатени на деца. Родителите никако не би смееле да користат некои фрази. Со овие реченици само ќе ја нарушите самодовербата на детето, кое на крајот ќе порасне во многу несигурна личност.

Дури и да се изговорени на шега, можат да направат сериозни проблеми во текот на растењето.

Добро размислете нареден пат пред да ги изговорите овие реченици:

„Премногу бурно реагираш“

Без разлика колку сте сигурни дека однесувањето на вашето дете е драматично, не треба така да го етикетирате. Кога детето се обидува да ги изрази своите чувства, многу често не знае како тоа да го направи, па неговата реакција може да делува премногу бурна. Гледајќи ги своите родители, децата учат да управуваат со своите емоции. Ако децата растат во опкружување што ги смета нивните чувства за неважни, ќе имаат помало чувство за сопствената вредност.

„Не го мислиш тоа што го кажа“

Дури и ако детето ви каже реченица од типот „не те сакам“ или уште полошо „те мразам“, важно е да не ги отфрлате неговите чувства. Најлошото нешто што можете да му го кажете на детето во тие ситуации е дека не го мисли тоа навистина. Задача на родителот е да ги уважи чувствата на детето, дури и кога не се согласува со нив.

„Зошто не можеш да бидеш повеќе како брат ти/сестра ти“

Ривалството помеѓу браќата и сестрите честопати е несвесно поттикнато од страна на постапките на родителите. Постојаното истакнување на позитивните страни на едното од децата, наспроти негативното однесување на другото, може да доведе до ривалство, па дури и до омраза помеѓу браќата и сестрите.

„Тоа што го правиш е глупаво“

Толку наивна фраза, а толку штетна за детската психа. Децата се склони на тоа да поверуваат во сѐ што родителите ќе им кажат, па истото важи и во случај. Ако на детето му повторувате дека е глупаво или дека некоја негова постапка е глупава, тоа ќе ви поверува и ќе порасне со убедувањето дека секогаш греши.

5 знаци на претерана родителска грижа: Не сте ни свесни какви последици остава ова на менталното и физичкото здравје на децата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.