Готови за 15 минути
Одлична идеја за брз и хранлив ручек, готов за 15 минути!
Потребни состојки (за 4 порции):
- 1/2 кг тестенини по желба
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица путер
- 1/2 кг брокула, крупно исечкана
- 2 чешниња лук, ситно сечкани
- рендана кора и сок од 1 лимон
- 120 мл слатка павлака
- 45 грама рендан пармезан
- сол и црн пипер
- 65 г пињоли или ореви
- 3 лажици сечкан свеж босилек
Приготвување:
1. Ставете ги тестенините во зовриена солена вода и варете ги според упатството на пакувањето.
2. Додека се варат тестенините, загрејте ги маслиновото масло и путерот во голема тава на средно-висока топлина. Додајте ја брокулата и пржете околу пет минути. Додајте ги лукот, кората од лимон и сокот и пржете околу една минута.
3. Додајте ја павлаката и оставете да зоврие на средна топлина. Додајте го пармезанот.
4. Исцедете ги тестенините и додајте ги во сосот. Зачинете со сол и црн пипер. Декорирајте со борови ореви и босилек.