Тестенини со брокула и лимон

Идеални за топлите денови

Готови за 15 минути

Одлична идеја за брз и хранлив ручек, готов за 15 минути!

Потребни состојки (за 4 порции):

  • 1/2 кг тестенини по желба
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1/2 кг брокула, крупно исечкана
  • 2 чешниња лук, ситно сечкани
  • рендана кора и сок од 1 лимон
  • 120 мл слатка павлака
  • 45 грама рендан пармезан
  • сол и црн пипер
  • 65 г пињоли или ореви
  • 3 лажици сечкан свеж босилек

Приготвување:

1. Ставете ги тестенините во зовриена солена вода и варете ги според упатството на пакувањето.

2. Додека се варат тестенините, загрејте ги маслиновото масло и путерот во голема тава на средно-висока топлина. Додајте ја брокулата и пржете околу пет минути. Додајте ги лукот, кората од лимон и сокот и пржете околу една минута.

3. Додајте ја павлаката и оставете да зоврие на средна топлина. Додајте го пармезанот.

4. Исцедете ги тестенините и додајте ги во сосот. Зачинете со сол и црн пипер. Декорирајте со борови ореви и босилек.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.