Ова е новата љубов на Стефан Филиповски од „Некст тајм“ (ФОТО)

Згодна бринета

Пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски има нова љубов.

Имено, тој расчистил со поранешната девојка, со која беше во врска неколку месеци, а неговото срце е повторно освоено од презгодна бринета, белграѓанката Тинеа.

Вљубените гулапчиња сè уште не се огласиле со потврда или демант, но според извор близок на двојката, дознаваме дека Стефан и Тинеа веќе извесен период се заедно, а деновиве ги поминаа во австриската престолнината Виена – град во кој неговата девојка сака да го поминува своето време. Инаку, Тинеа е блогерка и често има пишувано за своите доживувања во Виена.

Дека навистина има нешто помеѓу пејачот и манекенката потврдува и нивната заедничка фотографија, која Стефан ја објави на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.