Исповед на изневерена жена: „Јас сум виновна што сопругот ме изневеруваше – доцна сфатив дека згрешив!“

Има ли оправдување за неверство?

Не е секогаш виновна личноста што изневерува, секогаш постојат две страни на приказната

Кога стабилноста во врската е разнишана, тогаш настануваат сите други проблеми. Со други зборови, неверството не е секогаш виновникот за тоа што врската се распаѓа, понекогаш изневерувањето е последица на веќе распадната врска. Некои луѓе ќе го осудат само оној што извршил неверство, но никој нема да се запраша што го навело на тоа. Приказната на оваа жена можеби ќе ви го смени мислењето…

„Свесна сум дека јас сум причината што сопругот ме изневеруваше. Имавме хармоничен брак цели 13 години. Сè ни одеше како што треба и одлично се снаоѓавме во нашата заедница. Проблемите започнаа кога добив отказ. Фирмата банкротираше и сите ја изгубивме работата.

Поминав половина од својот живот во таа фирма и отказот тешко ми падна. Наредните месеци се обидував да најдам нова работа, а со платата на мојот сопруг едвај имавме и за основни работи. Се обидувавме да останеме смирени и оптимистични, но почна да ме обзема стресот.

Станав хистерична и невротична, имав чувство дека сме осудени на пропаст. Мојот сопруг исто така бараше начин да ме вработи, но неуспешно. Беше внимателен со мене и правеше сè за да се смирам, но стресот преовлада со мојот живот и секојдневје.

Сè помалку време поминуваше дома, а сè повеќе надвор со пријателите. Не можев да го обвинувам, бев неподнослива и многу лошо друштво. Мојот стрес го наведе да пие и да ги потопува своите проблеми во шишиња виски, а тоа на крајот го одведе и во кревет на непознати жени.

Набрзо ме „израдува“ со таа вест. Ми кажа да седнам и дека мора да разговараме. Ми призна сè, се покаја и побара прошка. Секако, бев гневна и го обвинував за сè. Долго ми требаше да сфатам дека јас сум главниот виновник за тоа што ме изневери.

Тргнавме на терапија кај брачен советник и успеавме да најдеме начин да ги решиме сите проблеми. Сега повторно живееме во хармонија, но да не ме сфатите погрешно – работите никогаш повеќе нема да бидат како претходно. Тоа неверство засекогаш ќе остане врежано во нашите мисли и ќе нè прогонува, а одвреме-навреме ќе предизвикува сомнеж!“

Што мислите вие? Дали навистина постои оправдана причина за неверство и дали постои соодветно образложување со коешто би можеле да ја оправдаме ваквата постапка на партнерот?

Како да спречите неверство на партнерот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.