Кучињата лаат, караваните врват: Што правела кралицата Елизабета додека го чекала најголемиот скандал што го памети британскиот двор?

Нескршлива!

Додека светот со нетрпение го исчекуваше интервјуто на принц Хари и Меган Маркл, кралицата Елизабета, во својот добро познат манир, не дала ни пет пари за прашината што се кренала поради тоа

Вчера, кралицата Елизабета ѝ се обратила на нацијата по повод Денот на Комонвелт и ја нагласила важноста за останувањето во контакт со семејството и пријателите во текот на тешките времиња.

Во пораката што била емитувана на Би-Би-Си само неколку часа пред емитувањето на долго очекуваното интервју што Меган Маркл и принц Хари ѝ го дале на Опра Винфри, се појавуваат принц Чарлс, Камила Паркер Боулс, Кејт Мидлтон, принц Вилијам и други членови на кралското семејство.

Се чини дека кралското семејство не дозволува да се наруши редот ни за миг, во моментот кога скандалот „мегзит“ ја тресе британската монархија посилно од кога било претходно.

Инаку, контроверзното интервју што со недели ги полнеше насловните страници на весниците ширум светот, вклучуваше и неколку жестоки обвинувања на Меган Маркл против кралското семејство.

Аудиопораката на кралицата била во често на соработката и единственото и била фокусирана на борбата против пандемијата на коронавирус, како и на климатските промени во светот, но ниту еднаш не ги спомнала проблемите со кои се соочува кралското семејство.

Бакингемската палата на свој начин се подготвила за она што Хари и Меган го кажале во својот контроверзен двочасовен разговор со Опра Винфри, кој се емитуваше во недела во САД, и тоа додека војводата од Единбург сè уште е во болница по операцијата на срце, што на кралицата особено тешко ѝ паднало.

Кралицата во текот на емотивното обраќање кон нацијата го носела истиот брош што го носела на медениот месец со принц Филип. Сличен потег направила и Меган Маркл, која на интервјуто со Опра носела белегзија од покојната принцеза Дајана, што според многумина е потег кој јасно навестил каков став ќе заземе Меган.

Судејќи според односот на кралицата кон оваа медиумска бомба, што ѝ ја подметнале Меган и Хари, ова ќе биде уште една криза во низата, која таа ќе ја надмине со леснотија, со кекс и чај!

Пирс Морган ги нападнал Меган и Хари поради шокантното интервју: „На Меган не би ѝ верувал ни да ми прочита временска прогноза!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.