Пирс Морган ги нападнал Меган и Хари поради шокантното интервју: „На Меган не би ѝ верувал ни да ми прочита временска прогноза!“

„Ова е срамно предавство кон кралицата и семејството!“

Морган не можел да се воздржи да го потенцира фактот што Меган и Хари дале интервју токму сега кога здравјето на принц Филип (99) е нарушено

Познатиот британски новинар Пирс Морган утринава во својата емисија го критикувал принц Хари поради интервјуто што беше емитувано ноќеска, обвинувајќи го дека „срамно ги предал кралицата и кралското семејство“ и дека со ова порачал дека сака Америка и остатокот од светот да го мразат неговото семејство и неговата земја.

Изјавите што Хари и Меган Маркл ѝ ги дале на Опра Винфри ги нарекол „деструктивни самопрокламирачки глупости“ во својата емисија Good Morning Britain.

„Тоа што Меган го нарече кралското семејство еден куп расисти е најголемото обвинување што го имам слушнато во мојата кариера“, рекол Морган.

Освен во својата емисија, Морган и во текот на интервјуто објавувал твитови, шокиран од тврдењата на поранешниот кралски пар.

„На Меган не би ѝ верувал ни да ми прочита временска прогноза“.

Освен тоа, Морган не можел а да не го нагласи фактот што Хари и Меган без проблем се согласиле да се емитува ова интервју, токму во моментот кога принц Филип (99) е на болничко лекување и со нарушено здравје.

Принц Хари удрил таму каде што најмногу боли: „Бев заробеник, Меган ме спаси!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.