Полевајте ја орхидејата со ова наместо со вода: Ќе цути без престан!

Одличен трик

На многумина им се случува по едно цутење, орхидејата да не дава повеќе цветови

Да се одгледува орхидеја со здрави зелени листови која непрестајно цути е еден од најголемите предизвици на секој љубител на овој раскошен цвет. Освен светлина и дохрана, полевањето на орхидејата се претвори во посебна наука.

За многумина кралица на цвеќињата, орхидејата е особено осетлива билка. А секој љубител на овој прекрасен цвет сигурно има свои најдобри совети за нејзино одгледување – некои ја чуваат директно на сонце, некои ја полеваат со отстоена вода која подоцна ја излеваат од подметнувачот, некои само ги прскаат листовите.

Но вистината е дека кај некои видови понекогаш нема правила.

Само вода не е доволно

Исто така, на многумина сигурно им се случило да добијат на подарок раскошен примерок во полн цут, кој откако прецутил, никогаш повеќе не добил нови цветови.

За одгледување такви орхидеи кои малку доцнат во развојот, постои еден трик. Наместо да ја полевате со обична вода, каква и да е таа, направете го тоа со зелен чај. Не мора да купувате посебна шолја, туку на дното на онаа од којашто пиете оставете една голтка, која на крајот од денот ќе ја сипете во орхидејата.

Не претерувајте со количината и внимавајте чајот да не биде прејак – додавајте максимум по две лажици на ден и немојте да ја полевате во текот на викендот. Оваа техника функционира и кај други билки што растат во покисела почва, како розите.

Орхидеја: Трикови за одржување и цветање
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.