Ја враќа енергијата и го закрепнува целото тело: Оваа домашна напивка може значително да го зајакне имунитетот!

Природно

Комбинацијата од овие состојки поволно дејствува на организмот

Јакиот имунитет е многу важен за да се заштити телото од вируси и разни болести. Доволното внесување витамини поволно дејствува на целиот организам и може значително да го зајакне имунолошкиот систем.

Нутриционистите советуваат тие да се внесуваат преку храна или напивки, а ако не може на тој начин да се задоволи препорачаната дневна дозна, тогаш треба да се земаат витамини.

Ви носиме рецепт за домашна напивка што ја враќа енергијата и поволно дејствува на имунолошкиот систем…

Состојки:
  • 1 шолја топла, односно врела (незовриена) вода
  • 1 см свеж, изрендан ѓумбир
  • сок од половина лимон
  • половина лажиче бибер
  • половина лажиче цимет
  • половина лажиче каранфилче
  • половина лажиче куркума
  • 1 лажица мед
Приготвување и примена:

Измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа, исцедете и пијте по малку во текот на денот.

Еве како состојките влијаат врз организмот и зошто се добри:

Лимон

Лимонот е полн со нутриенти, содржи биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган. Дејствува на здравјето на целиот организам и со причина го нарекуваат суперхрана.

Ѓумбир

Ѓумбирот е богат со етерични масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон, му дава на организмот вистинска нутритивна бомба.

Цимет

Овој зачин е значаен извор на витамини и минерали. Содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, како и диететски влакна.

Куркума

Куркуминот, главната состојка на овој зачин, поседува силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство. Неодамна објавено истражување во магазинот Molecular Nutrition & Food Research, укажало на тоа дека и дијабетичарите имаат голема корист од овој зачин.

Го зајакнува имунитетот подобро од витамин Ц: Оваа напивка проверено уништува вируси и ги прочистува дишните патишта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.