Колкав рок на траење имаат руската салата, сармите, печеното месо и колачите: Еве кои празнични јадења најбрзо се расипуваат!

Одбегнете труење

Листа со рокот на траење на храната што најчесто се приготвува за новогодишните и божиќните празници

Денес е вториот ден од православен Божиќ, а за највеселиот христијански празник, домаќинките приготвуваа празнична трпеза, па во многу домови неизоставни се руската салата, печеното месо, рибата и колачите.

Се поставува прашањето колку долго смееме да ја јадеме храната приготвена во големи количини.

Јадењата со риба се расипуваат многу брзо, па безбедни се за јадење само два дена. Задолжително чувајте ги во фрижидер, на температура пониска од 8 степени.

Јадењата со месо имаат подолг рок на траење, па можете да ги јадете и до пет дена. Исто така мора да се чуваат на ладно, на помалку од 8 степени, а треба да ги оладите веднаш по консумација. Па така, не оставајте чинии со печено месо на трпезата, туку веднаш по ручекот префрлете ги парчињата во чисти садови, затворете ги и ставете ги во фрижидер.

Ако јадењето е приготвено со месо во сос, опасноста од расипување е поголема, па обидете се да ја изедете ваквата храна максимум за три дена.

Руската и француската салата се расипуваат поради јајцата, компирот и мајонезот, па би требало да стојат на многу ниска температура (до 4 степени) а рокот на траење им е три дена.

Јадењата од зеленчук по правило се подгреваат само еднаш и тоа задолжително на висока температура. За супи, чорби и варива, најдобро е да зовријат. Спанаќот и печурките немојте да ги подгревате, можете да ги послужите ладни во рок од два дена.

Колачите имаат рок на траење од четири дена (ако се полни со крем, особено на база на јајца), па сѐ до дваесетина дена (ако се суви, како линзер-колачи или ванилици). Кремастите колачи и торти чувајте ги во фрижидер, а сувите колачи на ладно – до 10 степени.

Варените јајца, исто така, задолжително чувајте ги во фрижидер, а не во кошничка на маса. Ако ги чувате така, јајцата имаат рок на траење од шест дена.

Неколку креативни начини како да ги искористите остатоците од храната
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време