Дрво на пари и среќа: Лесно се одгледува и е прекрасен украс во сечиј дом!

Разубавете го вашиот дом

Според фенг шуи, замијата го активира полето на среќа и пари во домот

Во Малезија е позната под името билка на парите. Се верува дека ќе му донесе благосостојба на сопственикот и затоа може да се види во многу домови и работни простории.

Zamioculcas zamiifolia е сукулентна билка по потекло од Африка. Станала вистински хит кон крајот на 20-от век, благодарение на холандските одгледувачи на билки, кои почнале масовно да ја продаваат. Истовремено личи на папрат и на сукулент, и поради интересниот изглед и лесното одржување, често се користи за уредување на ентериерот, па во својот дом ја имаат дури и оние што не се љубители на сукуленти.

Името го добила поради сличностите со родот Замија и единствениот вид во својот род. Станува збор за билка со висина од околу еден метар, која создава повеќе изданоци во форма на стебленца, на кои има парови сјајни, мазни и цврсти зелени листови.

Во земјата се наоѓа коренестиот дел, односно ризомот, во кој билката ги складира резервите на вода.

Билката цути во периодот од средина на лето до рана есен со необичен цвет (личи по малку на цветот на кала), а кој се наоѓа на дното на стебленцето.

Важно е да се напомене дека Замијата е билка која може да предизвика труење ако дојде до голтање на некој дел од билката.

Zamioculcas zamiifolia не изискува посебна мешавина на земја како останатите сукуленти, успева и во супстрат со повеќе хумус. Големината на садот не се менува додека билката целосно не го наполни стариот сад со ризоми, односно стебленца.

На замијата не ѝ треба многу светлина за да расте. Ако е на посветло место, листовите ја губат својата темно зелена боја, но тоа не му пречи на развојот на билката.

Минималната температура што оваа билка ја поднесува е 15 степени Целзиусови, а оптималната температура е од 18 до 24 степени. Ако се наоѓа на потопло место, може да дојде до поголемо создавање нови изданоци, што подразбира и повремено оросување.

Никако не смеете премногу да ја полевате, бидејќи од вишокот вода нејзиниот ризом лесно скапува и листовите пожолтуваат. Потоа, треба да се престане со полевање барем еден месец и да се отстранат жолтите листови. Ако е на собна температура, доволно е само едно обилно полевање во период од еден месец.

Феноменален трик на искусните цвеќари: Ставете го ова на дното на саксијата и ниедна билка нема да ви овене!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.