Дознајте кои се дел од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Insta parents категоријата

Магазинот „Убавина и здравје“ повторно ги организира „У&З Инфлуенсер авардс“, чиј главен покровител е „Виолета“.

Гласањето на публиката ќе започне на 15 декември, ќе трае 3 дена и во комбинација со гласовите од жирито ќе бидат прогласени победниците.  Среќно!

Ова се дел од учесниците во Insta parent категоријата, поддржана од „Виолета“.

Mama of princess Matea

Зад овој Инстаграм профил стои Гордана од Скопје која отсекогаш уживала во кретивните работи. Како и сите родители, таа имала голема желба да ја фотографира својата новородена ќерка, нејзиниот развој и новите моменти. Токму од таму се има појавено нејзината идеја за споделување на тие фотографии со кои сега е исполнет нејзиниот профил.

Моја фитнес мама

Кога мајчинството и спортот се спојуваат во едно. Мери на својот Инстаграм проифил споделува совети поврзани со фитнес и исхрана, помагајќи им на сите мајки да ги постигнат своите цели. Исто така, можете да видите голем број фотографии од нејзината ќерка Матеа и секојдневниот живот во Киев.


Mother of a star

Уште еден Инстаграм профил каде можете да најдете изобилство од прекрасни креативни фотографии од секојдневнието на една мајка со нејзините најмили. Фотографии во нежни нијанси преку кои се прикажани авантурите на малата Стела.


Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.