Дефинитивно нема да можете да им одолеете на овие мафини
Состојки:
- 150 г пченкарно брашно
- 150 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче прашок за печиво
- 150 мл млеко или јогурт
- 100 мл масло
За филот:
- 2 помали тиквички
- 1 врзоп млад кромид
- 100 г гауда или свежо сирење
- црн пипер по желба
Приготвување:
1. Тиквичките се мијат, се рендаат, се посолуваат и се оставаат да отстојат десетина минути.
2. Младиот кромид се сечка на ситни крукчиња, а сирењето на коцки.
3. Се мешаат пченкарното и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, се додаваат солта, прашокот за печиво, маслото и млекото. Тиквичките добро се цедат, па се додаваат во приготвената смеса.
4. На крајот се додаваат исечканиот млад кромид и сирењето. Смесата се запиперува по желба и сето тоа убаво се изедначува.
5. Во калап за мафини се ставаат хартиени кошнички и се полнат со приготвената смеса. Мафините се печат во претходно загреана рерна на 200°Ц, околу 30 минути.
Извор: Добра храна