Одмаздата се сервира ладна: Анџелина Џоли е во врска со 23 години постар колега и пријател на Бред Пит?

Актерката го возвраќа ударот

Фото: Getty Images

Чуден избор на американската актерка, но целта е една – одмазда

Анџелина Џоли (45) наводно започнала романса со колегата Мики Рурк (68).

Холивудската актерка, според таблоидите, била уловена како се бакнува со 23 години постариот актер.

Наводно сака да му се одмазди на поранешниот сопруг, кој неодамна, сега веќе поранешната девојка манекенката Никол Португалски, ја одвел во дворец во Франција, во кој Анџелина го изговорила судбоносното „да“, и тоа на годишнината од нивната венчавка!

„Со оглед на тоа што е постар од неа и се има уништено со пластични операции, тој не беше првиот избор на Анџелина. Но бидејќи повеќето актери од нејзина генерација се оженети или во врска, мораше да продолжи понатаму“, открил анонимен извор близок на актерката, кој бил очевидец на бакнежот.

Тој додал дека Анџелина сакала да влезе во врска за да ставил сол на раната на Бред и дека не планира ништо сериозно со Мики.

„Иако Мики Рурк не е нејзин тип на маж, мисли дека пронашла вистинска личност во него, барем за нејзините одмаздољубиви планови за Бред“, рекол изворот и потсетил дека Бред и Мики со години се пријатели, па дека оваа вест сигурно ќе го погоди холивудскиот заводник.

Анџелина Џоли го губи старателството над децата, уште едно нејзино барање одбиено од судот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.