Направете сами домашен и ефикасен сируп против упорната кашлица

По два до три дена -  кашлицата ќе се смири

Доколку ве измачува упорна и здодевна кашлица, обидете се да се ослободите од неа со помош на намирниците што ги имате во кујна.

Потребни состојки:

1 кесичка негро-бонбони

100 мл млеко

Начин на приготвување:

1. Во помало тенџере на тивок оган ставете ги бонбоните да се растопат. Кога ќе станат течни додајте млеко и мешајте убаво да се соедини. Откако ќе се направи убава маса, исклучете и префрлете ја течноста во помала тегла.

2. Неколку пати во текот на денот земајте по една мала лажичка од овој сируп. По два до три дена –  кашлицата ќе се смири.

Напомена: природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата пропишани од лекар. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не употребувајте ги доколку сте преосетливи на некоја од природните состојки.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.