Ќерка му го моли Бред Пит да ја спаси од Анџелина: На раб е да избега од дома!

Бурни односи

На скандалите им нема крај

Поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит со години водат битка околу старателството над нивните шест деца, која неодамна своето продолжение го доби на суд.

Меѓутоа, сето тоа влијае лошо врз 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Од сите нив, целата ситуација најтешко ја поднесува Шајло, првото заедничко дете на познатиот поранешен пар, која повеќе не може да ја поднесе Анџелина.

Имено, извор близок на ова славно, но и контроверзно семејство, открил дека девојчето е очајно и го моли татко си да ја спаси од мајка ѝ и да ја земе кај себе.

„Нивниот ужасен развод најмногу влијаеше врз Шајло. Отсекогаш имала посебен однос со Бред, но никогаш со Анџелина. Го преколнува Бред да ѝ дозволи да живее со него“, открил изворот.

„Анџелина е преокупирана со разводот и битката за старателството, но и со промовирање на својата кариера. Поради тоа не се занимава со децата и не им дава утеха, особено не на миленичката на Бред. Шајло постојано е на телефон, му праќа пораки на Бред и го преколнува да ја земе кај него. Не е невозможно и да побегне од дома, само за да се тргне од мајка ѝ“, тврди истиот тој извор.

Крај на епската судска битка „Пит-Џоли“: Еве кому ќе му припадне старателството над децата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.