Не е добро да земате премногу витамин Ц: Можат да се појават овие два проблеми!

Бидете внимателни

Витаминот Ц е неопходна супстанца неопходна во секојдневната исхрана, бидејќи влијае на подобрата работа на сите органи, а со тоа и на целокупното здравје.

Меѓу другото, го зајакнува имунитетот, помага во обновување на сврзното ткиво, полн е со антиоксиданси, го стимулира производството на колаген, го зачувува видот, помага за побрзо заздравување од настинки и разни инфекции…

Препорачаната дневна доза на витамин Ц е 90 мг за мажи, 75 мг за жени, а пушачите и лицата кои страдаат од артритис треба да земаат дополнителни 35 мг секој ден.

Иако можеби ви се чини дека „колку повеќе толку подобро“ е вистинската мерка и во овој случај, всушност претерувањето со витамин Ц може да ги предизвика следниве два проблеми:

Проблеми со варењето на храната

Премногу витамин Ц може да предизвика дигестивни проблеми како што се дијареја, гадење и грчеви во стомакот.

Проблем со камен во бубрег

Експертите наведуваат дека постојат некои докази дека високи дози на витамин Ц можат да стимулираат одредени реакции што ќе предизвикаат формирање на камења во бубрезите.

Прочитајте и: Лошата циркулација и студените раце и стапала можат да бидат показател за сериозен проблем

 

ФОТО: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.