3 најголеми предности на интегралниот леб во однос на белиот леб

Ќе бидете сити подолго, но и поздрави.

Со обработка на зрната од житарки, хранливата вредност се губи, што не е случај со интегрални зрна кои ги задржуваат хранливите материи, а придобивките за здравјето се повеќекратни.

Најважните здравствени придобивки од интегралната храна се:

  • добро варење
  • редовни движења на дебелото црево
  • намалување на нивото на лош холестерол.

Дополнителна корист на интегралната храна се витамини.

Интегралната храна има значително поголема количина витамини од групата Б, што е исклучително важно за метаболизмот на јаглени хидрати, но и за квалитетот на кожата и ноктите. Кога станува збор за губење на тежината, влакната се клучни за секоја исхрана, од две причини.

Причината зошто треба да јадете цели зрна е затоа што тие успешно го контролираат нивото на шеќер во крвта. Цели зрна содржат повеќе растителни влакна и затоа обезбедуваат чувство на ситост подолго, за разлика од белото брашно, што доведува до ненадеен скок на шеќер, а потоа и глад.

Не треба да јадете повеќе од 3 парчиња вистински интегрален леб на ден. Истото важи и за интегралните тестенини – иако се поздрави во смисла дека ги одржуваат нивоата на шеќер во крвта, содржат витамини од групата Б, го подобруваат варењето на храната – сепак имаат исти калории како белите тестенини.

Прочитајте и: 5 намирници богати со пробиотици за зајакнување на имунитетот: Ова е сè што ви треба зимава!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.