Крај на епската судска битка „Пит-Џоли“: Еве кому ќе му припадне старателството над децата!

Крај на драмата?!

По четири долги години судска борба, дојде моментот некој да слави!

Макотрпната судска битка која ја водеше поранешниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит за старателство над децата конечно се приближува кон крајот. Извор близок на адвокатскиот тим на Бред Пит изјавил:

„Би било речиси невозможно калифорнискиот суд да го раздвои таткото кој толку очигледно работеше на себе и за благосостојбата на тие деца, особено од близнаците“, пренесуваат медиумите.

Со тоа на ум, правниот тим на познатиот актер е оптимистичен дека на Пит (56) ќе му биде доделено заедничко старателство над близнаците Нокс и Вивиен Маршелин (12), а најверојатно и над постарата ќерка Шајло (14).

Адвокатите на познатиот актер тврдат дека по агонијата што ја поминал во борбата со Анџелина поради старателството над децата, кое многу му е важно: „Бред конечно ќе го почувствува вкусот на победата!“

Што се однесува до постарите, посвоени деца, Пакс (16) и Захара (15), правниот тим смета дека ним најверојатно ќе им биде даден избор од страна на судијата да одлучат со кој родител сакаат да живеат и дека постои голема веројатност тие да одлучат да живеат со мајка им.

Медокс (19) кој во текот и по разводот јавно бил на страната на мајка му, законски се смета за возрасна личност и не е дел од спорот.

„Бред знае дека Медокс е изгубен и дека тука ништо не може да направи, но се надева дека со преостанатите деца повторно ќе успее да изгради убав однос и да надомести за четирите изгубени години“, додава изворот.

Борбата за старателство била тешка и „валкана“, а во еден момент, Бред бил претставен од страна на адвокатите на Анџелина како „неподобен татко“ и како некој кој е склон на алкохол и пороци, односно дека не може да се смета на него.

Парот пред некое време ги закопа борбените секири и се обиде да воспостави нормален однос поради децата, поради што и побарале стручна помош, но за жал, тој обид останал без успех.

Анџелина Џоли за Бред Пит: „Поради него пропаднав и се борам со депресија!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.