Домашна погача од тавче: Најмекото и највоздушесто тесто што сте го пробале!
Мора да ја пробате
Ова е еден од најдобрите рецепти за погача – се прави лесно, а се пече брзо
За приготвување ви требаат само 6 состојки!
Состојки:
- 400 г брашно
- 1 кесичка сув квасец
- 2 дл топла вода
- 1 лажиче сол
- 2 лажички шеќер
- малку масло
Приготвување:
Во сад измешајте брашно, квасец и шеќер, па додајте малку топла вода и замесете тесто. Потоа, додајте сол, долејте уште вода и продолжете да месите додека добиете компактна смеса.
Префрлете ја на набрашнета подлога и месете додека омекне тестото. Формирајте топка, вратете ја во садот и прелејте ја со многу малку масло, па размачкајте го низ површината на топката.
Херметички затворете ја и оставете да отстои и да нарасне околу час и половина.
Потоа, префрлете го тестото на намрсена подлога и поклопете го. На средна температура загрејте намрсено тавче, префрлете го тестото во него, внимателно притиснете го со рацете да се рашири во тавчето и поклопете.
Печете додека долниот дел на лебот добие златна боја, па превртете го на намрсена чинија, а потоа повторно вратете го во тавчето да се испече и од другата страна.
Добар апетит!