Овој тренд на бојадисување на косата се прошири низ Инстаграм и е нов хит

Најновиот тренд

Иако целиот свет помина повеќе време во своите домови оваа година, трендовите на убавината се менуваа и се ширеа со полна брзина.

Новите трендови не заостануваат кога станува збор за фризурите и боењето на косата. Целата 2020 година беше обележана со боб-фризура во сите форми и должини и враќање кон трендовите на некои други времиња. Шишки од филмски диви од 60-тите или фризури од 70-ти и 80-ти, тогаш порелаксирани варијанти за кои не е потребно премногу време за стилизирање и боење на косата слична на онаа од доцните деведесетти и раните 2000-ти – се само некои од трендовите што се случија во 2020 година година.

Неодамна, на социјалните мрежи се појави уште еден оживеан тренд на бојадисување на косата. Имено, станува збор за боење на долниот дел од косата, што ќе се истакне на асиметрични и степенасти фризури или при кревање на косата. Овој тренд е совршен за сите оние кои не сакаат редовно бојадисување и одржување на обоена коса. Ако отсекогаш сте посакувале бланширана бела коса или некоја необична боја, а боењето на целата коса не е опција за вас, ќе го обожавате овој тренд. Ви донесуваме неколку примери за овој нов – стар тренд.

https://www.instagram.com/p/B6jXs7ng8ui/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CFH-Y9Vj-dg/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CD6u6hvsmQI/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDptAmXpsRD/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: 4 грешки со косата што прават да изгледате и до 15 години постари: Сè е во деталите! (ВИДЕО)

 

ФОТО: Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.